Таг: шахтјор

Челси преку Ајфел сака пласман понатаму, Баерн претпазлив

ПСЖ и Челси повторно ќе играат во нокаут фазата од ЛШ, откако лани во четвртфиналето клубот од Лондон отиде понатаму со гол на гостински терен. Баерн и Шахтјор осминафиналето ќе играат во Лавов, град оддалечен преку илјада километри од Доњецк.

Шахтјор и во ЛШ ќе игра 1.300 км далеку од дома

Донбас Арената во Доњецк која беше отворена пред шест години, за сега е само напуштен објект кој беше два пати гранатиран и каде за малку ќе загинеше мало дете.

Се враќа Лигата на шампионите

Зависниците од ЛШ конечно ќе можат да уживаат во продолжението од најелитното клупско европско натпреварување. По долгата зимска пауза, најдобрите 16 екипи од Европа од утре почнуваат да се борат за влез во следната рунда.

Рома понижена, шоу на Луиз Адриано во Борисов

Третото коло од ЛШ донесе седмици во Рим и во Борисов, каде Баерн и Шахтјор се поигруваа со противниците. Агим Ибраими промаши пенал во убедливиот пораз на Марибор против Челси, а во натпревар со 7 гола, Шалке го победи Спортинг со гол од пенал во судиското продолжение.

Моќните Украинци ја освојуваат Европа

За некого можеби беше изненадување, но за добрите познавачи на фудбалот победата на Шахтјор над актуелниот европски шампион беше очекуван епилог. Екипата која е непоразена цели 11 месеци го има најстабилниот тим во Европа кој допрва ќе ги бележи своите успеси.