Таг: семафори

Нападот е најдобра одбрана

Инженер по електроника од Орегон на надлежните органи им пишал дека открил грешка во системот кој ги регулира семафорите во државата. Овие го репнале со 500 долари казна. Тој нив ќе им се правел инженер.

Холандија става семафори на под

Ако те слупа кола само затоа што си толку глуп да поминуваш улица зјапајќи во својот мобилен, можеби тоа еволуцијата ти дава до знаење што мисли за тебе и твоето размножување на планетава. Ама не, Холандија ќе ги продолжува и тие видови.

Како да заработиш 8 милиони долари од жолто светло

Градоначалникот на Чикаго има сериозен проблем со јавноста откако одлучи траењето на жолтото светло на семафорот да го намали од 3 на 2,9 секунди. Околу 77.000 луѓе од градот имаат зошто да му се гневат.

Срушете ги семафорите за подобар сообраќај

Идејата доаѓа од Британија и звучи како план на стрип негативец кој сака да гледа како човештвото пропаѓа во хаос.