Таг: роже федерер

Федерер ќе игра за шестиот трофеј во Синсинати

На турнирот кој се смета за предигра на УС Опен, Федерер повторно покажа дека игра во одлична форма. Швајцарецот во финалето ќе игра против Шпанецот Давид Ферер, кој имаше нешто полесен пат до последниот дуел од АТП Мастерсот во Синсинати.

Федерер откри како стигнал до полуфинале

Поранешниот тенисер број 1 во светот имаше тешка и малерозна година со многу порази, но на првиот турнир во 2014 покажа заби и по долго време стигна до едно полуфинале. Клучот на неговиот кам бек се должи на новиот рекет.

Федерер е највлијателен спортист на планетата

Швајцарецот Роже Федерер нема да ја одбрани титулата од Вимблдон откако беше елиминиран уште во втората рунда, но тоа не му влијае на репутацијата. Тој е највлијателниот спортист според магазинот Форбс.

Остана ли некој на Вимблдон?

Третиот ден на Гренд слем турнирот во Вимблдон ќе остане запаметен како еден од најлудите денови во тениската историја. Дури 7 поранешни светски прворангирани тенисери и тенисерки го напуштија турнирот.

Вимблдон му нареди на Федерер да ги смени патиките

Строгите организатори на Вимблдон му наредија на Роже Федерер да ги почитува правилата на турнирот и да ги смени патиките со портокалов ѓон.

Мајстор си е мајстор

Роже Федерер рутинирано со 3:0 го помина првото коло од најпрестижниот Мастерс турнир Вимблдон против Романецот Виктор Ханеску. Неговиот елегантен стил на игра сам по себе си носи и вакви поени.

Федерер зема пауза

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека по турнирот во Индијан Велс ќе паузира со натпревари и ќе му се посвети на семејството.

И Федерер знае да збесне

Навикнати сме да гледаме „ладнокрвен" Федерер, но и тој е обичен човек кој понекогаш знае да се изнервира кога губи и да им се развика на гледачите кои галамат додека топчето се уште е во игра.

Федерер влезе во историјата

Швајцарецот Роже Федерер го освои тенискиот АТП турнир од серијата Мастерс 1000 кој се одржа во Индијан Велс и собори неколку рекорди на патот до својата 73-та титула во кариерата.