Таг: рикардо кварезма

Кварезма од Хајдук

30-то коло во хрватскиот фудбалски шампионат го донесе голот на колото, неделата, месецот и сигурно кандидат за гол на сезоната. Емир Сахити од Хајдук, инаку поранешен играч на Работнички (2015-2018), на мечот против Вараждин постигна лепота од голчиште.

Жими мајка сакав да ја нафрлам

А па Кварезема го гледа и му аплаудира, затоа што прво исфрли двајца и потоа му пуштија магија со надворешен на голманот.

Цимер на Милер во затвор ќе му биде Кварезма

По безобразно опасниот старт на Томас Милер кој без акал му влезе со копачка во глава на играч на Ајакс, крајно сељачки стар направи и Рикардо Кварезма. Бешикташ го изеде дома од Малме и во директен дуел остана без нокаут фаза во ЛЕ, а Португалец доби заслужен црвен картон.

Кварезма го подисплаши помошникот на Ставрев

Фудбалерите на Бешикташ го загубија гостувањето против Малме со 2:0, меч кој го судеше нашиот Александар Ставрев и неговите помошници Кировски, Костадинов и Караколев. Дали од несогласување за судиската одлука или од нервоза што губи, португалската ѕвезда реагираше малку неубаво спрема еден од македонски линиски судии и беше на граница на картон.

Чичо сега ќе ви покаже надворешен фелш

Рикардо Кварезма овој месец ќе наполни 35, ама тоа не значи дека повеќе не е способен за тој пусти мајсторски удар кој никој не може да го изведе како него. Колегите од Бешикташ ги учеше на тренинг.

Тоа е тој надворешен фелш на Кварезма

Португалскиот ветеран, не е Роналдо, ама си има свои специфики по кој е познат и не џабе играше за Барса, Интер и Челси. На 34 години уште е крал на рабоната и на овој фелш со кој направи пресврт на турското дерби меѓу Бешикташ и Фенербахче кое заврши 3:1

Кварезма си знае како треба

Поранешниот играч на Барселона, Порто, Интер и Челси кој mo\e[e многу повеќе во кариерата со тој потенцијал, држи лекции како се лобува од најтешките ситуации. Малку зачудува како му успеа овој лоб удар на мечот Бешикташ - Генчлербирлиги во Купот, со оглед на тоа што голманот многу малку беше излезен.

Како Кварезма го плаши Кристијано Роналдо

Одговорен за добра атмосфера во репрезентацијата на Португалија очигледно е Рикардо Кварезма. Последна негова „жртва“ беше Кристијано Роналдо во тренинг кампот на репрезентацијата.

Кварезма не е за старо железо, прашајте го Џо Ален

Некогашната ѕвезда на португалскиот фудбал си поигра со резервистот на Ливерпул.

Да не е на даљинско топкава?

Кога Бобо Виери во 97-ма му даде гол на ПАОК од мртов агол, коментаторот рече „импресионанте голацо“, а мајсторијата одеше на најавните шпици. Сега таа линија е поместена, барем на тренинзите каде се појавува Кварезма кој се загрева за Европско и кој не е престарен со 32 години.

Најпознати фудбалери со ромско потекло

За Хаџи, Ливерани, Лакатуш, Асењо и Хесус Навас сме слушнале дека имаат ромско потекло, но не и за Неста, Лука, Жињак, Пирло, Гуиза и Кипријан Марика. Овие играчи комотно би играле завршница на Светско првенство со ромска репрезентација.

Машала Кварезма машала

Во Турција е традиција новиот фудбалер во клубот да биде пречекан во делириум уште на аеродромот. Португалецот Рикардо Кварезма по втор пат се врати во Бешикташ, каде му простија многу гревови од минатото.