Таг: радовиш

Дивеење на мал фудбал во Радовиш

Салата 25 мај во Радовиш беше домаќин на традиционален турнир во мал фудбал по повод празникот Курбан Бајрам. Ама годинава нешто слабо ја истерале традицијата. Колегите од Спорт1 објавија видео на кое не се знае кој јаде, кој плаќа.

Радовиш нема услови за триатлон, а има дете со златен медал

Додека сите основци едвај чекаат да ѕвони во школо за да му ја киднат на фудбал или флипери, Давид од Радовиш си крати и од времето за дружење со другарите и од сонот за да може да трча, да плива и да вози велосипед. Срамота е во 21. век едно вакво амбициозно момче да нема каде да плива во градот каде што е роден.