Таг: рад

Балкански ВАР прав циркуз

Во српската Супер лига Бачка Паланка и Рад играа директен дуел за опстанок во лигата. При резултат 1-2 за Рад, домашниот фудбалер Никола Радовиќ постигнува гол за 2-2 и тогаш на сцена стапува балканскиот ВАР. После 45 секунди консултации линискиот судија Дејан Петровиќ крева знаменце за офсајд.

Мистеријата на стадионот Обилиќ на Врачар

На стадионот каде некогаш играше поранешниот „морален“ шампион на Србија Обилиќ (газда им беше Аркан), веќе неколку сезони се играат сомнителни натпревари поради кои кладилничарите со насмевка излегуваат од обложувалниците.