Таг: прослава

Романтична прослава на гол

Сергеј Левицки од Белорусија го постигна последниот погодок за својот тим Слутск кој славеше против Неман со 4:0, а за него тој меч донесе двојно славје.

Мурињо батали го микрофонот

Со право го прогласија за тренер на годината во Англија, затоа што со Челси убедливо ја освои титулата. Но, кога би имало гласање за најлош глас меѓу тренерите на Островот, Португалецот сигурно и таму би бил број еден. Се обиде да ја запее химната на Челси Blue is the colour. Само се обиде.

Хокејарска домино прослава

Јуниорите на Локомотив Јарослав победија со 6:2 во плеј оф меч, а имаат подготвено и посебна кореографија со која го прославија триумфот.

Долга прослава на гол не е на арно

Фудбалерите од Јужна Африка честопати знаат да заглават предолго со прославување на голови и да прават салта и разни танци. Тоа се покажа ризично и неисплатливо кога се сретнаа две екипи од Замбија и Мозамбик.

За нив е важна и прославата, не само голот

Необичната прослава на голот на Вејн Руни на средбата против Тотенхем е само една во серијата „Кој ќе направи поголема будалаштина“. Специфични прослави во Премиер лигата има уште од времето на Ерик Кантона, а со пируети во воздух публиката ја забавуваа Нани и Обафеми Мартинс.

Напаѓачот на Келн на прошка кај јарецот

Ентони Уџе изминатото коло одлепи откако славеше гол за Келн не мечот против Ајнтрахт Франкфурт и почна за рогови да го влече јарецот кој е инаку маскота на клубот.

Радоста на фудбалер на Фљамуртари

Мечкиниот скок ни доаѓа од албанското фудбалско првенство, каде страда и стрелецот на голот од екипата на Фљамуртари.

Руни прави ѕвездa само против Шкотска

Пред 14 години, Вејн Руни им даде гол на Шкотите кога играше за селекцијата на Англија под 16 години. Викендов пак даде гол против Шкотска и прославата на голот му беше иста. За Манчестер Јунајтед, никогаш не славел гол на тој начин, а по мечот изјави дека тоа го направил поради син му, кој сака татко му да прави салта и ѕвезди.

Риболовска прослава на гол

Видеово со Исланѓаниве е старо, но не можевме да го видиме, а да не го споделиме.

Вака се прославува титула

Голманот на фудбалскиот клуб Клифтонвил, Конор Девлин кој во минатото беше дел и од Манчестер Јунајтед, на својот Твитер профил објави фотографии од неговата прослава на титулата во првенството на Северна Ирска.

Роналдо ко Бијонсе

По постигнувањето на првиот погодок против Баерн, Кристијано Роналдо го прослави рушењето на рекордот на Лигата на шампиони со 15 гола во една сезона. Прославата му беше симулација на рекордната бројка со рацете, но изгледаше ко Бијонсе.

Прослава во чест на цунамито

На точно три години од катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија кои одземаа 19.000 животи, фудбалерите на Хирошима со посебна прослава им оддадоа почит на жртвите, одбележувајќи го датумот 11.3.

Гаќите на Ѓуровски и другите прослави за црвен картон

Во последно време зачестија лудите прослави на фудбалерите за кои си заработуваат црвени картони, па решивме да ги собереме на купче најбизарните исклучувања, а предводник на оваа група е нашиот Марио Ѓуровски.

Вака (не) се прославува

Неуспешната прослава по која Робен си ги одра колената пред некоја недела стана хит на интернет, но тоа не беше најсмешната прослава која сме ја виделе.

Влажна прослава

Фудбалерите на еден полски нисколигаш го искористија поплавениот терен за оригинална прослава на нивниот гол со „бомба“ и „ласта“ во трева.

Еднаш се дипломира

Добро, одиш во Дизниленд и не штедиш. Се возиш на што сакаш, им купуваш карти на пријатели, частиш по некоја пијачка, пак се возиш. Ама како е можно на тој начин да потрошиш 20 милиони долари?

 

Пијаната прослава на Барселона

Фудбалерите на Барселона си дозволија да испијат поголемо количество на алкохол за време на нивната парада по повод прославата на титулата, па почнаа да наликуваат на средношколци на екскурзија.

Вулгарна прослава

Оваа прослава при постигнат гол во мексиканскиот фудбалски шампион е пример, како не треба да се радувате кога ќе ги затресете мрежите. Срамната идеја ја практикуваат Луис Техада од Толука и Ефраин Велард од Пумас кои за овие гестови добија казна од по 7500 евра.

Голчиште и прослава на неделата

За најубавиот гол проследен со посебен начин на прослава го прогласуваме моментот на натпреварот од мексиканското првенство помеѓу екипите на Пачука и Круз Азула.