Таг: промашување

Сакаш 10 метри да го продолжиме голот за тебе?

Голманот исплива, едниот играч падна, а другиот застана на гол за да го спасува без раце. И во таква ситуација црепот промаши. Се работи за фудбалер на Ал Ахли на меч во азиската Лига на шампиони.

Најнесфатливото промашување во фудбалот

Аргентинскиот напаѓач Серхио Араухо од АЕК веројатно го достигна врвот на оние чудни утки кои го носат епитетот „неверојатни“ и „невозможни“. Што и да направеше друго ќе беше попаметно од ова.

Промашување на сезоната од Рахим Стерлинг

Тимот на Барнли е меѓу ретките во последно време кој успеа да го сопре Манчестер Сити и да му земе бод (1-1). Но сè ќе беше подруго ако Стерлинг не промаши празен гол во 71’ минута при 0-1.

Како први така други

Мексико и БиХ синоќа одиграа пријателска средба која заврши 1:0, но двајца Мексиканци изгледа не биле доручкувани како што треба.

Како бе од тука ја утна?

Централ Коуст Маринерс ќе жали за ремито од 1:1 против Сиднеј во австралиското првенство, а најмногу овој момак кој промаши една од оние шанси за кои се вели дека е полесно да ги утнеш. Неверојатно.

Дечки вие доручкувани ли сте?

Кошаркарите на Филаделфија синоќа го совладаа Торонто, но во еден од последните напади на мечот изгледаа како да го прават она: „Компир гледам, месо варам“.

Што имаат заедничко Ден Бош и бош ден?

Првото е име на фудбалски клуб од Холандија кој во моментов игра во втора лига, а второто го имаше нивниот напаѓач Дени Вербек на мечот против Ајакс 2. Срамотилаци друже, оди сокриј се негде.

И ти ли не доручкуваше сабајле?

Утки ли утки. Неделава им фаќавме сеир на торковци во Русија, Србија, а сега и во Германија. Последниот срамен зицер е дело на Дивок Ориги кој со овој удар требаше да му донесе победа на Волфсбург против Лајпциг. Понекогаш како да им е полесно да ја префрлат топката над гол.

Ова се дава и со заврзани очи

Знаете ли вие дека во Србија има фудбалски клуб кој се вика Јавор Ивањица? Епа едно од најјаките промашувања на сезоната го имаат тие. Бараме да објават снимка од друг агол за да сконтаме како успеа вака да ја удри царов нивни и да ја погоди стативата.

Промашување на столетието во женски фудбал

Во Барселона игра нашата Наташа Андонова, а во Гинтра Универзитатес од Литванија девојките кои не чуле за она „моја“, кога повеќе од една оди на топка. Ај што загубија 6:0, што е најголем пораз во женската ЛШ, ама резилов поради кој не постигнаа почесен погодок е многу голем.

Не е можно ова да го утнеш

Стефан Спарања од Боависта толку многу се ушепртља што успеа место топката да влезе во гол. Ова негово промашување на годината во Португалија влијаеше и на резултатот. Неговиот тим загуби 3:2 на гости против Тондела.

Ова требаше со газ да го дадеш

Роберто Баџо не треба воопшто да тагува за трагичниот пенал против Бразил, бидејќи пред себе имаше голман. Несреќников е од Холандија трета лига.

Шансата на Селта во 96-та минута за финале

Напаѓачот на Селта, Џон Гвидети подобро нека не гледа хајлатс од синоќешниот меч на Олд Трафорд или барем нека не го гледа крајот. Топката во последните секунди стигна до него на 5 метри на празен гол, а тој...

Тагни си го другарчето кој го има направено ова

Тагнувањето важи за сите вие кои имате другари кои обично во маало играле во одбрана, а вие во напад и често ви мрчеле кога не сте можеле да дадете гол, па се обиделе да ви покажат.

Ова е потешко да се утне отколку да се погоди

Милос Пибецки од Полска реагираше како секој нормален напаѓач што би реагирал кога има игра еден на еден со голман, но замислете тоа што го направи потоа да беше клучна акција за решавање финале во Лига на шампиони или Светско првенство? Па нема да смееше од дома да излезе.

Нереално промашување празен гол

Напаѓачот на Абердин Мајлс Стори е последниот фудбалер кој застана во редот за наградата „Најголемо промашување на сезоната“ со тоа што веќе е влезен и во трка за промашување на векот.

Петре еби ветре

Борна Петровиќ има само 19 години, игра во хрватскиот второлигаш Лучко, напаѓач е, ама има време може и ќе му ја сменат позицијата на игра.

Четворица против голман со очајнo лоша завршница

Томас Андраде е 20 годишен фудбалер на Ривер Плејт кој или не е зрел или е несериозен. Абе земи искини му ја мрежата, не е ова балет.

Турчин со две леви нозе

Постојат утки и утки, а ова на Сабри Сароглу од Галатасарај спаѓа во оние најлошите, кога некој може да настрада во публика, а сите останати ќе му пукнат сеир за ударов.

На Енфилд Роуд настрадаа чавки

На волку важен меч кој може да биде еден од клучните за титулата, необјасниво е како може играч како Фирмино кој игра во одлична форма, да гаѓа во небо, од ситуација која беше како измислена за гол.

Промашен зицерот на годината?

Францускиот репрезентативец Метју Валбуена на мечот Лион - Лил (1-2) промаши нешто што се случува еднаш или ниеднаш во кариерата. Лион на крајот загуби и сега заостанува 8 бода од третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Македоникос Козакис и трагедијата од 15 сантиметри

Секогаш кога ќе помислиме дека од најлошото не може да има полошо, ќе се појави некој фудбалски цар да нè демантира. Дечкото од српскиот нисколигаш Локомотива може слободно да му се смее на напаѓачот на грчкиот четвртолигаш Македоникос Козакис, а му се смееме и ние.

Зошто Ница не победи

Аласан Плеа е стрелец број 1 во Ница со 8 голови, два повеќе од Балотели. Тој погоди и синоќа против Бастија, но проблемот е што гостите во второ полувреме израмнија, а 23 годишниот француски напаѓач не смееше да си дозволи вакво нешто на три минути до крај. Монако и ПСЖ сега им дојдоа на -1.

Ни во наредни 1.000 години нема да се случи ваква утка

Видете вака. Ние можеме да направиме топ листа на 50, а можеби и на 100 најголеми промашувања со видеа кои сме ги објавуваме на сајт, ама никој нема да може да му парира на дечково од српскиот нисколигаш Локомотива за кој ќе чуе и ќе го види цел свет.