Таг: промашување

Срамотилаци е вака да завршиш акција два на еден

Кај германскиот второлигаш Оснабрик изгледа играчите не фатиле топка дома за време на карантинот. На Штутгарт му скинаа бод, а можеа да го изненадат и со три, ако несреќниов лик не одиграше вака аматерски.

Најголемото промашување на 21 век се случи во Бугарија

Се вика Лукас Масуеро, доаѓа од Аргентина и оди во Бугарија во Локомотив Пловдив да го оцрни и онака не баш популарниот фудбал. Луѓе ова нема логика, пет пати го изгледавме.

Ма супер ја шутна, гајле да немаш

Бидејќи знаеме дека многу кладилничари пишуваат на своите тикети по некој пар и од тоа Англичаните Лига 1, Лига 2, а појма немаат што пацери играат таму, еве еден пример зошто не можеш да се потпреш на нив. Кру има ситуација три на еден за водство од 2:1 против Плимут и се случува ова.

Ти му ја додаваш на празен гол, тој на покрив ја рога

За промашување на сезоната да се прогласи ова во Индија. А што викате? Можеби полошо од ова ќе беше ако ја утнеше цела топка.

Комедии од завршница два на еден со голман

Дуделанж од Луксембург синоќа го направи најголемото изненадување во Лига Европа откако ја оствари првата историска победа и тоа со пресврт 3:4 против АПОЕЛ. На 0:0 направија циркузијада пред гол. Епа не можеше повеќе да се ушепртља.

Срам не изеде само што го видовме ова

Торино го попари Шахтјор Солигорск 5:0 во квалификациите за ЛЕ, а еден од Белорусиве се струполи на земја од мака, кога виде каков кикс направи пред гол.

Не е можно ова да се промаши

Фиорентина загуби од Бенфика 1:2 со гол во 93-та минута на меѓународниот шампионски куп во САД. Загуби затоа што Марко Бенаси го загуби компасот.

Го имаме видеото на денот

Ем доби инструкции, ем никој не му сметаше и плус теренот беше негов. Сè што не може да си замислите дека може да направи еден човек со две леви нозе е во видеово. Огромно благодарам до тој што снимаше.

На ден 7 јули се случи промашувањето на годината

Сезоната уште не почната, а веќе го имаме победникот во категоријата „утка на годината“, или „цреп на годината“ како ви е помило. На пријателската Оберхаузен - Шалке (1:3), младиот белгиски напаѓач Бенито Раман од Шалке ѝ се претстави на светската фудбалска јавност.

Глупан на сезоната

А голманот совладан, веќе се помири дека примил гол и се спреми да вика по одбраната.

Епско промашување на ПСЖ какво што не се памети

Едно четири-пет пати го изгледавме видеово пред да го опишеме и заклучивме дека се работи за најнесфатливата утка во 150 години фудбал, без разлика што не знаеме многу за порано. И на самиот Чупо Мотинг не му е јасно како ова го изведе. Излегува како да игра за Стразбур, а ПСЖ му дава плата. 

Немогуќе е ова

Имаме акција од трета германска лига измислена за Бени Хил. Добро што Ајнтрахјт Брауншвеиг славеше 3:0 против Мепен, инаку овој ќе го избркаа од клуб бидејќи изгледа како да не игра од нивна.

Преку трибина и право во реката

Натпревар од полскиот Куп ја носи најтрагикомичната сцена од игра на еден со голман. Па во аут да ја рогнеше немаше да изгледа вака лошо. Како само ова му успеа? Се работи за Конрад Михалак од Легија Гдањск.

Браво несреќо

Фудбалер на Атлетико Национал се бореше со стативата на празен гол во Копа Либартадорес. Тренерот од мака колено си исчаши.

Турска работа

Си биле еден турски трагичар и еден турски херој. Замислете ваква глупост да направеше некој на Бока - Ривер. Ниту ќе заспиеше, ниту ќе го оставеа да заспие. Абе два на еден бевте ало, а голманот беше само гледач.

Кутар Кутроне

Фудбалерите на Милан можат да жалат што синоќа не ги собраа трите бода против Торино со кои ќе беа на -1 до градскиот ривал Интер кој загуби од Јуве. Во последните минути од мечот Патрик Кутроне промаши зицер и реагираше како да е играч од одбрана.

Зарем можно е да постои ваква утка во Премиер лига?

Сигурно не постои гледач на мечот Барнли - Њукасл кој мислел дека оваа шанса на гостите вака ќе заврши. Среќа што гостите тепаа 1:2, факт што сепак не може да го сокрие ова епско промашување на Мет Ричи. Едноставно ова изгледа невозможно.

Роберт ти ли ова бе мајсторе?

Полска синоќа загуби од Чешка на гости, што и не е така страшно бидејќи беше пријателска, ама расен стрелец како Левандовски вака да се обрука пред гол, некако не ни е верно.

Корејска несреќа на денот

Да ги погодиш двете стативи со еден удар, а потоа соиграчот твој локум топката која требаше да ја даде мижеечки, да ја дувне во пречка е чудо над чудата. Немале ден овие и точка. Дупло поширок и повисок да беше голот пак ќе го направеа истото. 

За вакво промашување од плата се крати

Ви ја претставуваме првата лига во Алжир, во сличен стил со онаа вчерашната акција во Полска. На фудбалерот до толку му беше непријатно, што фати да и се извинува на публиката.

Не можеше да ја даде, сам беше

Сите имаме по некој во маало што има промашено од ваква слична ситуација нели? Моментот е уствари што се плаши од тоа дека ќе ја даде.

За вакво промашување на Светско се оди дома

Селекцијата на Чиле ја совлада Србија со 1:0 на последните контролки пред Мундијалот. Требаше уствари да биде 2:0, ама падна срам кој не проаѓа ни на пријателска средба.

Сакаш 10 метри да го продолжиме голот за тебе?

Голманот исплива, едниот играч падна, а другиот застана на гол за да го спасува без раце. И во таква ситуација црепот промаши. Се работи за фудбалер на Ал Ахли на меч во азиската Лига на шампиони.