Таг: празен гол

Ај на фудбал, ама на ракомет да промашиш празен гол?

Данска, земјата која го освои последниот Мундијал и ја одбрани светската титула. Додуше ова е во женски ракомет, ама без разлика, чудно и несвојствено е да се избламира вака човек во овој спорт.

Ти сакаш изгледа пешки да си одиш од гостување

Начека празен гол и сега ќе изиграва бесни глисти. Да ти се погоди некој намќор тренер кај кого за палење цигара се јаде прачка, а за пијанчење 10 чакмаци и суспензија, ќе ти кажеше убаво ако ти ја земеа.

Литванскиот Дрвоускас пред празен гол

Каролис Квилдис на мечот ФК Кауно Жалгирис - Лиетава во Литванија, покажа дека во фудбалот понекогаш не е најважно да го поминеш и голманот. Со маалски речник „дрво дрво гаѓа“. За малерот по Квилдис да биде поголем, Жалгирис загуби 0:1.