Таг: плејоф за ле

Лудило ждрепка, Милан и Фенербахче доаѓаат во Скопје

Фудбалската треска во Македонија ова лето ќе продолжи во голем стил. По финалето меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид на 8 август, на арената Филип Втори ќе се истопорат уште два гиганти. Во плејофот од ЛЕ, Шкендија го пречекува великанот Милан, а Вардар го доби Фенербахче.

Милан, Зенит и Атлетик Билбао се можни противници на Вардар во плејофот за ЛЕ

Само уште 15 минути Вардар требаше да издржи и да загуби 2:1 за да испише историја за македонскиот фудбал, но и по поразот од Копенхаген (4:1) има можност за такво нешто. Само проблемот е што ќе треба да елиминира голем клуб.

УЕФА дава, но УЕФА може и ќе земе од Вардар

Во ситуација кога работат дигитроните и се пресметува колку ќе се наполни касата на Вардар по успешниот скок во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, малкумина размислуваат за евентуалните казни поради сериозните пропусти во организацијата на мечот во Струмица.

Навивачите на Вест Хем непомирливи со поразот

Вест Хем втора година по ред испадна од Лига Европа од просечниот романски тим Астра Ѓурѓу. За парадоксот да биде поголем тренерот на овој клуб е суспендиран поради кладење, претседателот им е во затвор, тие се 11-ти во Романија, а клубот немал скршена пара за трансфери. И да, голот им го даде 35-годишен фудбалер.

Сторијата за Сасуоло, најиталијанскиот тим

Од 30 играчи во составот, Сасуоло има само четворица странци и 26 домашни играчи. Како Баскија во мало, италијанскиот клуб обезбеди историско учество групната фаза од Лига Европа.