Таг: плејоф лига на нации

Спектакуларниот пресврт на Франција против Белгија, вреден финале

По падот на европскиот првак кој капитулираше дома од Шпанија, гледавме уште една полуфинална мега пресметка во Лига на нации. Оваа беше многу подраматична и понеизвесна, а ја доби актуелниот светски шампион кој од 2:0 на полувреме, ја сврте на 2:3 во 90-та минута со голчиште на Тео Хернандес.

Доста ти е Косово, во финале оди Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го доби долго очекуваниот меч со Косово со 2:1 и сега е на само 90 минути до историски пласман на ЕП 2021. Во финалната битка и гостуваме на Грузија.

Новите официјални датуми за завршницата на Македонија во Лига на нации

Фудбалската федерација на Македонија го соопшти денот на одигрување на полуфиналето од Лига на нации меѓу Македонија и Косово кое требаше да се игра на 26 март.

Пандев: Одложете го мечот заради здравјето и затоа што е фер и спортски

Во услови кога прво владее вирус поради кој е комплицирано да се патува и второ, ни наближува историски меч кој се распродаде за три дена, а потоа забранија да се игра со публика, нема логика ни да се игра месецов. Во тоа се сложни и репрезентативците на чело со селекторот.

Се комплицира доаѓањето на Пандев, Нестор и Елмас од Италија, ФФМ ќе бара одложување на мечот

Денешните најнови мерки за заштита од вирусот и официјално спречија да има публика на мечот Македонија – Косово. Но под голем знак прашалник е дали воопшто ќе има фудбал на Градски на 26 март.

Градски ќе крца, од Запад ќе грмат македонските навивачки групи, на Исток се гостите

Веројатно како никогаш до сега во историјата на репрезентативниот фудбал, се случи масовна и екстра брза распродажба на карти за натпревар на македонската фудбалска репрезентација. Отидоа сите за ТРИ дена.

Косово може да оди на Европско, а некои земји домаќини не го признаваат како држава

Покрај Финска која пријатно ја изненади европската фудбалска јавност, ништо помалку труд не вложија ниту фудбалерите на Косово, една од последните членки на ФИФА и УЕФА која не е признаена од неколку земји домаќини на Евро 2020.