Таг: пјонгчанг 2018

На Русите им ја скинаа казната за учество на Олимпијадата, ама откако заврши

Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука за руските спортисти од која немаат никаков ќар, барем на овие Олимписки игри кои финишираа на 25 февруари.

Човекот кој не може да ја чува облеката на себе

За време на доделувањето на медалите во уметничко лизгање во петокот, забележавте ли гол човек со розева сукња и фаца на мајмун закачена на пенисот, како игра балет? Епа не му е прв пат. Тоа го прави од 1993-та година.

Германците испиле 3.500 литри безалкохолно пиво на Олимпијадата

Сите германски спортисти во Пјонгчанг пијат безалкохолно пиво после тренинзите и натпреварите. Германија до денес освои 24 медали на Зимските Олимписки Игри од кои 12 се златни.

Неуспешно салто во воздух кое заврши со страшен пад

Канадскиот скијач Крис Дел Боско си имаше своја замисла во трката ски-крос на Олимписките игри во Пјонгчанг. Но идејата за правење салто не му успеа, а по непријатната глетка, на помош пристигна хеликоптер со кој веднаш беше пренесен во болница.

Ако сакаш да те има на Олимпијада пријави се скијање на халф-пајп за жени

Елизабет Свони е Американка со унгарско потекло која се натпреварува за унгарскиот олимписки тим во дисциплината скијање слободен стил на халф-пајп. Таа успешно ја постигнува олимписката квота, како и квотата за уште 13 светски купови во оваа дисциплина. Работата е што Свони баш и не е нешто посебно добра во ова што го прави, ама нашла цака.

Јамајка остана без боб-санка за Олимпијада, но ги спасила пивара

На Зимските Олимписки Игри никогаш во историјата немало девојки од Јамајка и првото појавување на натпреварувачки од оваа земја на ЗОИ во Пјонгчанг е права сензација.

Кројачот да ви ги врати парите

Дури и ако не гледате карлинг, овој спорт би можел да ви одземе внимание особено кога играат Норвежаните. Еден детал посебно ќе ви боде очи.

Плетење, финска олимписка мантра

Финска е една од земјите на кои не можеш да им го фатиш крајот, од една страна претседателот и премиерот имаат свои официјални сауни, од друга страна земјата има најголем број хеви-метал бендови по глава на жител во светот, додека во исто време експериментираат со задолжителен приход за секој човек, а во јазикот немаат идно време. На ЗОИ спортистите од оваа земја покажаа еден свој фетиш.

Фетишизацијата на Ким Јо Јонг

Атлантик ја нарекува „дипломатија на ниски очекувања“ а во неа овој пат победи Северна Кореја која откако со месеци се закануваше со уништување на својот близнак држава, само затоа што испрати спортисти и навивачки, доби позитивен публицитет „кој требаше да биде резервиран за Јужна Кореја, која ја организираше, ја плати и е домаќин на Олимпијадата.“

Грчко македонската битка во Пјонгчанг

Ставре Јада имаше неславно деби на Зимските Олимписки игри каде заврши како последен во нордијско скијање, а во еден момент беше подобар од грчкиот претставник кој потоа го бришна нашиов без никакви проблеми. Имаме видео снимка токму од овој соседски двобој кој носи големо ривалство на секое поле. Апостолос Ангелис заврши со 36 секунди подобро време од Ставре. Го има и крајот на трката кога нашиот осамен стаса до целта.

Првата Американка што направи троен-аксел на Олимпијада

Пред неколку дена се појави видео со малечката Мираи Нагасу, репрезентативка на САД во уметничко лизгање, која тренираше како ракетата на Илон Маск. Ретко кој претпоставувал дека неколку дена подоцна токму Мираи ќе стане првата Американка во историјата која го направи извонредниот трипл-аксел на ЗОИ.

Ставре Јада заврши последен на спринтот во Пјонгчанг

Првиот Македонец кој продефилира на Зимските Олимписки Игри 2018 воопшто не се прослави во нордиско спијање.

Фристајлерот од Швацарија кој го изнасмеа цел Пјонгчанг

Сте виделе ли како Швајцарец се качува на ескалатор и што користи во замена за боб санка? Зимските Олимписки игри од една друга перспектива на правење лудории во слободно време.

Најомилениот пар во Холандија кој им донесе 6 олимписки злата

Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг уште не почнати, а репрезентацијата на Холандија веќе има најмногу медали. Имаат три злата, две сребра и две бронзи а најзаслужен за повеќето одличја е неверојатниот Свен Крамер.

Минатата пролет едвај преживеал, сега освои бронза на Олимпијада

Канаѓанецот Марк Маркморис, по сопствено признание а и по признание на лекарите во Ванкувер, лани со една нога веќе бил во „белата населба“. Неколку месеци подоцна застанува на Олимпискиот пиедестал со бронзен медал околу вратот.