Таг: петар ангелов

Диви прими гол во последна секунда и го бутна голот

Легендарниот Петар Ангелов кој 14 години беше дел од селекцијата на Македонија, брани за Вардар Неготино, а следен месец полни 46 години. На гостувањето во Радовиш во рамките на второто коло од плеј аутот во Суперлигата, на крај имаа гол предност и напад. Но го прокоцкаа и примија гол од одбиена за конечни 21:21. Голот заврши на паркетот.

Ракометарите на Вардар го кренаа Диви во раце

По 20 години кариера која ја почна во родниот град Кавадарци во тимот на Тиквеш, а ја заврши на најдобар можен начин со 4 трофеи во Вардар, Петар Ангелов на 40 години се повлекува од играњето ракомет. За Вардар бранеше во сезоната 2009/2010 и од 2013-та до вчера. Последниот тајм аут на Раул Гонзалес на мечот против Борец, беше искористен за прегратки и овации.

Видео селфи со Дејвис и Диви на „We are the champions“

За време на вардаровата ерупција на плоштадот во Скопје која кулминираше со песната која ја пејат само шампионите, помошникот на Раул Гонзалес, Давид Дејвис ја ловеше атмосферата од друг агол.

Маестралните одбрани на човекот кој има посебна врска со публиката

По 14 годишна репрезентативна кариера Петар Ангелов денеска се прости од дресот кој го облече 138 пати. Бранеше со срце и душа и беше миленик на навивачите кои го бодреа силно секогаш кога ќе застанеше на гол. На пресот изјави: Доколку Македонија се пласира во Рио, јас прв ќе ги пречекам репрезентативците на аеродром.

Диви се повлече од репрезентацијата

Петар Ангелов - Диви, еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот ракомет преку својот Фејсбук профил објави дека ја завршува репрезентативната кариера.

Убедливо против Австрија, одиме на Словенија

Македонските ракометари триумфално ја завршија групната фаза, откако вечерва убедливо славеа против Австрија  36:31. Со осум бода од пет натпревари го потврдивме второто место и во недела ќе играме против Словенија во осминафиналето.