Таг: пауло дибала

Дибала сменил дом, менаџер, девојка, а можно е и клуб

Пауло Дибала, фантастичниот Аргентинец одново има проблеми. Сезонава во стартните 11 влегол само три пати на шест меча, на терен поминал 280 минути и дал 0 голови. Пред само една година бројките беа поинакви - осум голови после пет кола во Серија А.

Луд пресврт на Вембли, Јувентус е во четвртфинале

Тотенхем речиси два часа од двомечот против Јувентус имаше игра, резултат, шанси, предност. Ама тоа ништо не им значи затоа што „Старата дама“ од два шута во две минути даде два гола и го реши патникот во следната фаза.

Одлично деби за Ристовски во Лига на шампиони

Македонскиот репрезентативец на голема врата дебитираше во елитното натпреварување и цели 90 минути се справи добро со ѕвездите на Јувентус. Рома го декласираше Челси, ПСЖ од друга планета, а Барселона киксна во Пиреја.

Кога ќе видиш, Аргентина и не е така лош кандидат за злато

Во квалификациите за Светско 2018 „Албиселесте“ имала убедливо најмногу удари кон противничкиот гол 66 од кои 22 биле во рамките а само 4 завршиле во мрежата. Имаат сè што им треба, и добар селектор и играчи само треба да поработат на реализацијата за која има страшен мастраф.

Гладијаторски маски, очила, мимики и гестови за прослава на гол

Во еуфорија и налет на емоции многу од фудбалерите не знаат што да направат од среќа па многу често се глупираат. Но има некои смислени и оригинални прослави на гол кои навивачите добро ги прифатија.

Слободниот на Дибала со жив ѕид од цело село

На еден ревијален меч од хуманитарен карактер во Лагуна Ларга, аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала имаше предизвик да шутира слободен кон гол во кој застанаа 20-ина луѓе.

Приказната за фудбалскиот пат на Пауло Дибала

Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.

Јувентус ја торпедираше Барса, Дибала јунак

Бјанконерите ја продолжија серијата од 17 меча без пораз на домашен терен во Лигата на шампионите, откако вечерва тотално ја надиграа анемичната Баселона и со една нога се во полуфиналето.

Дибала е играчиште

Јувентус е многу опасен во напад не само бидејќи ја има машината за голови Игуаин и Марио Манџукиќ, туку и затоа што летото 2015-та на Палермо му исплатија 32 милиони евра за Аргентинецот кој гази со голчишта, асистенции, дриблинзи и слободни удари. Видеово само од оваа сезона е доказ за каков материјал се работи, а има само 23 години.

Лутиот Дибала не му даде рака на Алегри

Шампионот Јувентус го совлада Сасуоло на гости со 0:2, но мечот го одбележа моментот кога Алегри реши да го замени Дибала со Марко Пјаца во 75. минута од мечот. Аргентинецот се поздрави со присутните соиграчи, но не и со тренерот кој остана со испружена рака.

Серија А за гурмани

Општ заклучок на стручните коментатори на италијанскиот фудбал е дека Јувентус ќе биде прв, а другите да се наредат како им е волја. Но Старата Дама повеќе мисли на Европа и тоа би можело да ги чини дома како што им се случувало во минатото.

Кој вика Италијанците не трошеле

Јувентус во последните две години потрошил вкупно 293,1 милиони евра на трансфери со што е најголем трошаџија во светот во претходните 24 месеци, пред Сити, Јунајтед, Атлетико и Ливерпул.

Сите 32 гола и асистенции на Дибала во 2015/16

Аргентинскиот напаѓач беше најдобар играч на Јувентус сезонава и ги поведе Бјанконерите до петтата титула по ред и втора двојна круна последователно. Сезонава Дибала се изнадава голови и се испостави дека е права замена за Карлос Тевез.

Трансфер гуруто Бепе Марота

Неколку потписи го направија генералниот директор на Јувентус лидер на трансфер пазарот во Италија и со кои го заслужи авторитетот кај најверните навивачи на Бјанконерите.

Во името на татко ми Адолфо

Гранатите во Втората Светска војна го натерале дедо му на Дибала од Полска спасот да го бара во Аргентина, земја во која во 1993. година ќе се роди малиот Јоја. По смртта на татко му решава да го исполни неговиот аманет еден од синовите да игра фудбал.

Нова убава вест за навивачите на Јувентус

Освоија скудето, ќе играат во финалето на италијанскиот куп и во Лигата на шампионите. И кога се чини дека тука е границата, управата на Јувентус на своите тифози им подари уште една причина за задоволство. Потпиша 5-годишен договор со напаѓачот на Палермо, Аргентинецот Пауло Дибала.

Пауло Дибала конечно ја оправда довербата

Аргентинецот сезонава даде 5 голови за Палермо, по што селекторот на Италија, Антонио Конте изјави дека го планира за следниот собир на Аѕурите во март следната година.