Таг: овации

Голем пречек за Перо Антиќ во Истанбул

Антиќ се врати на местото каде пред неколку месеци се радуваше на историска титула во Евролигата со гигантот Фенербахче, а турските навивачи го препознаа моментот и прекрасно го пречекaа.

Ибра во Париз како Тито на Бриони

Во последниот натпревар за ПСЖ, 40.000 навивачи носеа маски со ликот на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот излезе на терен каде со аплауз го пречекаа сите фудбалери. Во 10. минута судијата го стопираше натпреварот за навивачите со стоечки овации да му заблагодарат на бројот 10 за сите трофеи што им ги донесе. А Ибра? Им врати со два гола, 38. во првенството. На крајот, ПСЖ направи три замени, но Ибра излезе во свој стил.

Овации за Тоти на Бернабеу

Покрај стандардната Ун капитано, че соло ун капитано (има само еден капитен) која што ечеше од гостинскиот сектор во Мадрид, вечерва многу домашни навивачи стоечки му аплаудираа на големиот Франческо Тоти при неговото влегување во игра.