Таг: оскар де ла хоја

Приказната за најголемиот преварант и боксерски промотер Дон Кинг

Човекот кој направи милиони со договарање боксерски дуели и кој во болничка постела му донел 50 адвокати на Мухамед Али да потпише дека се откажува од барањето за оштета од 1,1 милион долари.

Циркусот Мејведер - Мекгрегор го упропастува боксот

Еден од најголемите боксери во историјата, олимпискиот златен медал Оскар Де Ла Хоја вели дека секојдневниот панаѓур што го прават Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор пред нивниот меч, сериозно го нарушува угледот на овој витешки спорт.

Писмо на Оскар де ла Хоја до Флојд Мејведер

Драг Флојд:
Успеа. Успеа да стигнеш до бројката 49-0, достигнување за кое сакаш да кажеш дека му успеало само на големиот Роки Марчано, меѓутоа, го постигнале и други, вклучувајќи го и мојот идол Хулио Цезар Чавез - ама кој да брои? И сега се пензионираш. Пак. Овој пат велиш дека е вистински. Дека сериозно ќе ги закачиш ракавиците на ѕид. Па, ти пишувам денес за да ти посакам сè најдобро.