Таг: оливер бироф

Германија цврсто се држи до Јоги Лев кој неуспешно се држи до свои принципи

Во понеделникот вечер Германскиот фудбалски сојуз (DFB) објави: На Евро2020 репрезентацијата на Германија ќе ја води селекторот Јоаким Лев и нема никакви промени. Ова е дополнителен удар на интересот на германската јавност за бундестимот.

За првиот златен гол на големите натпреварувања кој падна пред точно 24 години

Кој се сеќава, кој не, првиот златен гол падна во златните 90-ти за фудбалот, време од кое паметиме многу звучни имиња, херои на нашето детство. Стрелец е поранешен шпиц на Милан, инаку специјалист за игра со глава.

Најдобрите стрелци во Серија А, сезона 1997/1998

Каква само конкуренција на голгетери беше тоа кога еден Баџо, Роналдо и Батистута не можеа да фатат прво место на листата на стрелци. Сè име до име, а на крај победник кој веројатно ќе ве изненади, ама тоа е кога беше неприкосновен со глава. Рекордот на најмногу постигнати голови во една сезона во италијанско го држи Гонзало Игуаин, кој збрца 36 комада за Наполи во сезоната 2015/2016. Нов предизвик за Кристијано Роналдо.

20 години од првиот Златен гол на Европско првенство

На 30. јуни во финалето на ЕП 1996 на Вембли се сретнаа Германија и Чешка. Во мечот кој заврши 1:1 во регуларните 90 минути, се одеше кон продолженија каде Оливер Бироф го постигна првиот Златен гол на едно големо натпреварување. Правилото, кое на многумина им делуваше глупо значеше оној кој ќе даде гол во продолженија е победник и мечот завршува без доигрување на останатото време. Тоа беше и прв голем пехар за обединета Германија.

Германците преноќиле на Сен Дени

Менаџерот на актуелниот светски првак Германија, Оливер Бироф изјави дека сите фудбалери и стручниот штаб останале цела ноќ во соблекувалните на стадионот, по пријателската со Франција која се одигра во исто време со терористичкиот напад во Париз.

Германецот кој имаше топовски удар со глава

Некогашниот напаѓач на Удинезе и Милан, Германецот Оливер Бироф е стрелец на првиот златен гол на едно меѓународно натпреварување.