Таг: нба финале 2016

Кливленд е во транс, навивачите се качија на пожарна

Кошаркарите на Кливленд ја прекинаа најдолгата серија на еден град од САД и Канада кој бил без трофеј во четирите главни спортови на континетот (НФЛ, НБА, НХЛ и МЛБ) од 1964-та. Сега тоа е Милвоки кој последен пат се радувал на титула во НБА (1971). Навивачите со право го превртија градот наопаку. Пред мајсторката се качија на една катна гаража, а потоа по коли и пожарникарно возило.

Родман му честита на Кливленд и го величи Чикаго Булс

Кошаркарите, актуелни и бивши, како и други познати Американци се фрлија на честитики упатени до Кливленд кој ја освои првата НБА титула во својата историја. Меџик Џонсон го вбројува Леброн Џејмс во топ 5 најдобри играчи на сите времиња

Кливленд се врати од 1:3 на 4:3 и за прв пат стана НБА шампион

Кливленд Кавалирс е првиот тим во најсилната кошаркарска лига во светот кој успеал од негатива од 1:3, да направи целосен пресврт и да ја освои шампионската титула, инаку прва во својата историја. Трипл дабл за „Кралот“ кој ја слави третата титула во кариерата.

Стречерси за финалето меѓу Голден Стејт и Кливленд

Во отсуство на Бошко, гостин во македонското НБА шоу е Енес Каракаш, основач на блогот МакНБА. Прво прават анализа на двете конференциски финалиња (Голден Стејт - Оклахома Сити 4:3 и Кливленд Тороно 4:2), а потоа за тоа што престои, репризното финале.

Голден Стејт со победа го отвори финалето

Актуелниот шампион во НБА го направи првиот чекор кон одбраната на титулата. Кавалирс и Леброн немаа одговор на клупата на Вориорс која одигра фантастично и практично ги ослободи од обврски Стеф Кари и Клеј Томпсон.

НБА финале кое не може да разочара

Големото НБА финале почнува во ноќта меѓу четврток и петок (3.00) во Оукленд и ќе биде реприза на минатогодишното финале во кое Голден Стејт славеше 4-2 во победи, но Леброн сега ќе има помош од Кајри Ирвинг и Кевин Лав.