Таг: местени натпревари

Фудбалските местенки ја стигнаа и Австралија

Обложувачката мафија која го расипува фудбалот не застанува со своите дејствија во најважната споредна работа во светот. Овој пат на удар е втората австралиска лига каде се уапсени 10 фудбалери.

Њујорк Никс местеле натпревари за дилер на дрога

Информаторите на ФБИ тврдат дека кошаркари на Њујорк Никс местеле натпревари во НБА лигата за својот дилер на дрога кој заработувал кладејќи се против нив.

Масовни апсења на чешки местачи

Чешката полиција соопшти дека во текот на вчерашниот ден се уапсени десетина фудбалери кои учествувале во наместени натпревари.

Украинските местачи исфрлени од ЛШ

Фудбалскиот клуб Металист од Харков е исфрлен од квалификациите за Лигата на шампиони заради местење на натпревари во домашното првенство.

Уште еден наместен натпревар во Шпанија

Шпанската фудбалска лига (LFP) започна истрага за сомнителната победа на Расинг Сантандер над Херкулес.

Фудбалерите на Белизе одбиле да местат и изгубија 6:1

Репрезентацијата на Белизе која едвај собра пари за да стигне до САД и да игра на Голд купот, загуби на стартот од домаќинот со 6:1, а неколку фудбалери открија дека одбиле обид за поткуп. Колку ли ќе загубеа ако прифателе?

Фудбалерот кој местел натпревари, пиел, се тепал, но не меркал други жени

Никако да слушнеме исповед на некој наш поранешен спортист за некои недозволени активности кои ги правел во текот на кариерата. Овој фудбалер од Уругвај кој настапувал во Јувентус нема проблем со тоа и доста искрено во детали ги раскажува пикантериите.

Фудбалерите ќе спречуваат местенки

Во борбата со наместени натпревари, зло кое го уништува фудбалот од сега ќе можат да учествуваат и самите актери на теренот. Здружението на професионални фудбалери ФИФПро ќе понуди апликација за мобилни телефони каде со еден клик играчите ќе може да алармираат доколку забалежале нешто сомнително.

Кладилниците ја добиваат битката со местачите

Водечките европски кладилници обединети под Европската спортска безбедносна асоцијација (ESSA) објавија дека ја добиваат битката со манипулаторите на спортски натпревари.

Романска кумска местенка

Контроверзниот Џиџи Бекали е сопственик на романскиот шампион Стеауа, а неговиот кум, легендарниот Георге Хаџи е газда на Виторул Константа. По циркуска претстава на фудбалски терен, Стеауа загуби на домашен терен од Виторул со 2:5, а тренерот им поднесе оставка па се предомислуваше.

Натпреварот Леванте-Депортиво бил наместен

Претседателот на Шпанската фудбалска лига (LFP), Хавиер Тебас изјави дека постојат црвсти докази дека натпреварот од 31-то коло помеѓу Леванте и Депортиво бил наместен.

70% од фудбалерите киснат во кладилница

Јавниот обвинител од Кремона, Роберто Ди Мартино кој го води големиот скандал со местење на натпревари „Калчоскомесе" изнесе во јавноста фрапантни бројки за кладењето како голема зараза. Во светски рамки годишно се вложуваат околу 500 милијарди евра.

Доживотна суспензија за 4 фудбалери-местачи

Четворица фудбалери од Малта заработија доживотна забрана за бавење со фудбал заради докажано учество во местење на натпревари.

Србин сакал да мести натпревари преку Фејсбук

Италијанскиот спортски весник "La Gazzetta dello Sport" открива дека српски државјанин преку Фејсбук контактирал фудбалери од италијанскиот клуб Комо и им нудел да наместат фудбалски натпревари.

ФИФА суспендираше уште 74 местачи

Светската куќа на фудбалот им додели уште 74 суспензии на играчи и функционери од Италија и Јужна Кореја кои биле инволвирани во наместени фудбалски натпревари.

Затвор и доживотна суспензија за 33 местачи

Поранешниот клуб на Дидие Дрогба и Николас Анелка, Шангај Шенхуа остана без титулата од 2003-та година заради местење натпревари, а 33 фудбалери и функционери добија затворски казни и доживотни суспензии.

Речник за местење натпревари

Во исчекување на повеќе информации околу истрагата за 680 наместени натпревари во целиот свет, медиумите ги открија тајните шифри на местачите. Во Хрватска тие биле поврзувани со храна, а во Турција местачите користеле земјоделски поими.

Како се мести фудбалски натпревар

Марио Чижмек е еден од хрватските фудбалери кои отидоа во затвор заради местење на натпревари, но за разлика од останатите, тој јавно си призна и во повеќе интервјуа опишува како се местат натпревари. Ова се непишаните правила за манипулирање со натпревар од прва рака.

Наместен натпреварот од ЛШ: Ливерпул-Дебрецин

Откако денес Еуропол објави дека во Европа биле наместени 380 натпревари, а помеѓу нив и натпревари од Лигата на шампиони, медиумите шпекулираат дека еден од тие е и дуелот помеѓу Ливерпул и Дебрецин.

Цела Европа се растура од местење

Еуропол ги соопшти деталите од најголемата истрага за местење на натпревари во Европа. Идентификувани се 425 лица вмешани во местење, а под истрага се 380 натпревари. Помеѓу нив е и еден натпревар од Лигата на шампиони одигран во Англија.

Меч во Италија се купува за 600 илјади евра

На последното сослушување, србинот Алмир Гегиќ кој пред два месеци беше уапсен во Италија за местење натпреври, на слика го посочи човекот кој давал мито во износ од 600 илјади евра за еден натпревар.

Корејците растурија со местење

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) доживотно суспендираше 41 фудбалер од најважната споредна работа во светот, но им забрани да пополнуваат и тикети во обложувалниците од каде заработувале милиони.

Канаваро и Грава ќе бидат казнети за премолчена местенка

Наполи чиј член е Горан Пандев најверојатно ќе остане со 2 поени помалку, а Канаваро и Грава ќе бидат суспендирани на 6 месеци затоа што одбиле да наместат натпревар, но не пријавиле на надлежните.

Уапсени 11 бугарски фудбалери за местење

Бугарската полиција уапси 13 луѓе, од кои 11 се фудбалери. Уапсените се членови на Черноморец и градскиот ривал од Бургас, екипата на Нефтохимик под сомнение дека учествувале во местење на натпревари.