Таг: мартин брајтвајт

На шала, на смеа, Мартин стварно ја доби 9-та во Барса

Мартин Брајтвајт еден ден ќе може да им раскажува на своите внуци како на времето играл 9-ка во Барселона во напад со Лионел Меси. А пустиот, ни крив ни должен, случајно дојде на Камп Ноу.

А царот што веќе ја побарал 10-та на Меси?

Главна тема во светот на спортот летово е желбата на Лионел Меси да замине од Барселона после цели 20 години. Аргентинецот уште не отиден од Камп Ноу, а веќе ја бараат неговата бројка на дресот. Комично.

Барса, засилувањево ако игра ко што жонглира, свршивте работа

По долги натегања, Барселона конечно го искористи чудното правило на шпанската фудбалска федерација, еден тим кој има играч повреден повеќе од 5 месеци, да може да купи друг играч надвор од зимскиот преоден рок. Се решија за Мартин Брајтвајт, Данец, кој дојде од Леганес за 18 милиони евра. Ама не се прослави на промоцијата.