Таг: македонски тренер

Најповторувани и најдосадни изјави на македонските тренери

Понесени од пресот на Пеп кој проблемите со грлото на Де Брујне ги објасни во стил на комичар, на работа фативме да ги споредуваме прес конференциите на нашите тренери со оние во Италија, Шпанија, Англија... Колку се они понапред, отворени, инвентивни, храбри, често пати и заебанти. Нашиве како на парастос. Два различни света.

Охридскиот Мурињо

Ако не знаете како изгледаат тренерски инструкции на сред натпревар во нашиот селски фудбал, ето го Киро од Охрид кој велит вака: Од Сиљановци викни го то будалата. Дејан да си ја врзиш ваму местово, местово.