Таг: македонска одбојкарска репрезентација

Химната на Македонија на бис

Македонија ја збриша Црна Гора убедливо и квалитетно со 3:0, за историски пласман во осминафинале кое ќе го игра во Бари. Капитенот Никола Ѓоргиев ја запеа македонската химна и ја крена цела сала.

Историски одбојкарски подвиг, Македонија е осминафиналист

Не огреа сонце и во спорт кој изненади од сенка. Македонската одбојкарска репрезентација ја преслуша и Црна Гора и за прв пат во историјата ќе игра во осминалната фаза на едно Европско првенство.

Поенот на Љафтов со кој ја запали публиката

Првиот сет на првиот меч на Македонија на ЕП, воопшто не ги уплаши нашите одбојкари, туку напротив момците се ослободија од притисокот, го подигнаа нивото на игра и ги растурија Данците. Еден од важните поени кој создаде голема еуфорија беше поенот со кој израмнија 1:1 во сетови, по што го најавија големиот пресврт.

Шаби легендата направи циркуз пред камера

„Сакате гледајте не во сала за 500 денари, ако не од дома ви е бесплатно. Ај сега одам да се бањам“, ќе рече оригиналниот Дарко после слатката победа над Данска.

Моќната патриотска порака на дресовите на одбојкарите

Маргинализирани со речиси никаква поддршка, пред неколку години со автобус се клацкаа до Полска. Потоа стигнаа до историски пласман на Европско, за овој пат да го играат како домаќини на кое се појавија ако големи патриоти со дополнителна мотивација испишана на дресовите.

Последниот поен на Македонија за делириум во Борис Трајковски

Македонската одбојкарска репрезентација испиша историја во Скопје со првата победа на Европско првенство кое се игра на домашно тло. Ѓорѓиев, Љафтов и дружината одиграа со срце пред своите навивачи и ја урнаа Данска со пресврт од 0:1 на 3:1. Голема беше еуфоријата на крај.

10 причини зошто да ја бодрите Македонија на Европското во Скопје

Македонската одбојкарска репрезентација утревечер со почеток од 20:00 во салата Борис Трајковски, за прв пат ќе ја згрми македонската химна на ЕП како домаќин. Момците кои гинат за националниот дрес и кои имаат патувано 24 часа со автобус, заслужуваат полна сала.

Зарем не заслужуваат овие момци полна сала?

На нивен терен, пред 8.000 словенечки навивачи, против апсолутниот фаворит Словенија кој заврши тогаш втор, македонските одбојкари се надминаа себе си и остварија историска победа на ЕП 2019. Се ближи првата битка на ЕП во Скопје против Данска на 30 август. Трк на билетара.

Пољаците купиле повеќе карти од Македонците за ЕП кое се игра во Скопје

Македонската одбојкарска федерација мака мачи со продажбата на карти и тоа за Европско првенство кое за прв пат се игра во Македонија.

Потегот број 1 во одбојкарските квалификации е на капитенот на Македонија

Европската одбојкарска федерација стокми топ 5 листа на најдобри потези од квалификацискиот турнир за ЕП кој се одигра во Скопје. Два се дело на Никола Ѓоргиев од кој едниот е прво место.

Тони во елемент и за одбојкарите

По успехот на фудбалерите, честа да ги испрати на Европско повторно ја имаше Тони Стојановски кој одново блесна со емотивен говор во свој стил. Имаме две видеа.

Приоритетот на Столе е поддршка на Македонија во секој спорт

Иако оди на тренинзи каде може да ги следи тактиките, но не и тренира поради повреда, сепак капитенот на Вардар е со мислите и со телефонот во Словенија, каде македонската одбојкарска репрезентација синоќа на европско направи голем подвиг против домаќинот. Човекот кој добива огромна поддршка, знае и да ја даде на оние што им е потребна.

Последниот поен на Македонија за делириум на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација направи сензација на деби настапит на Европското првенство. Во Стожице го урнаа домаќинот Словенија кој важеше за апсолутен фаворит. Одбојкарите се во транс и со шанси за пласман во осминафинале.

Грми „Бисер Балкански“ во автобусот на Македонија

По четири одиграни средби, македонската одбојкарска репрезентација стигна до првиот триумф на ЕП во Словенија, воедно и прв историски на нивното деби учество. Ја совладаа Белорусија со 3:1 на меч кој ги предводеше Никола Ѓорѓиев, прогласен за играч на денот на цел шампионат. Следуваше и заслужено славење. Само напред момци.

Македонија се пласираше на Европско првенство во одбојка

Одбојкарите се дискретните херои на почетокот на новата 2019 година. Со убедлив триумф од 3-0 над Унгарија, најдобрите македонски одбојкари го остварија сонот да се пласираат на едно Европско првенство.