Таг: македонска фудбалска репрезентација

УЕФА ЕУРО 2024: Патување на кое треба да бидете горди од срце

Твитер профилот на Европската куќа на фудбалот наменет за следното ЕП, кој го следат над 3 милиони луѓе испрати кратка и многу реална порака до Рики и другарите.

Водителот на Спорт Клуб има нешто да ви каже за Македонија

Нашите фудбалери синоќа имаа огромна поддршка и од екс ју земјите. Илјадници коментари со мотивирачки пораки можеа да се прочитаат на социјалните мрежи, а најмангуп излезе Иван Лончаревиќ од белградското студио на Спортклуб, кој поентираше во 7 секунди.

Браво цареви за стихотворбава

„Istorija ex yu fudbala“ е доста популарна Фејсбук страница која одлично го негува драгоценото богатство на југословенскиот фудбал и држи страшно добра архива. Денеска сме во центарот на вниманието.

Дарко и Дарко, за Македонија од Америка до Порто

Формулата е едноставна: 4 дена - 4 лета, двајца луди Македонци од Чикаго и Мајами, до Португалија со срце за Македонија.

Гужва пред триумфална капија, хероите пристигнаа на плоштад

По големото славје на плоштадот во центарот на Скопје, македонската верна публика вечерва повторно се собра на исто место за да ги пречека јунаците од Палермо. Капитенот им вети нова борба до крај.

Како италијанскиот моторџија ја измикса „Бисер Балкански“

Имаме ние уште материјал од Палермо, не бевме таму на бањање. Абе во секој ќош прават фешта. Тоа им е во крвта на Италијанците, плус со фудбалот атмосферата беше на уште повисок левел. Ако го гледавте видеото со моторџијата кој влета со македонската химна, а потоа на репертоарот беше и „Жаклина“, сега преминете на следниот клип на денот на одигрувањето на мечот. Немаат цена ваквите ќеифови.

Наполитанците објавија видео од славјето на Елмас и другарите

Елиф, Енис, Даре, Боби и Џани на излез од стадион. Славете јунаци.

Да ѕирнеме во соблекувалната на Македонија

Кој не полуди не е нормален, напиша СО ПРАВО админот на официјалната Фејсбук страна на Македонската фудбалска репрезентација.

Отворете очи на Македонија, на гости ги тепаа Германците

На една недела до ултра важниот меч за Италијанците во битката за пласман на Мундијалот во Катар, италијанските медиуми почнаа да го претставуваат противникот со најава дека не сме било кои.

Италија - Македонија на неутрален терен?

Строгите протоколи за пандемијата, во моментов го ставаат под знак прашалник местото на одигрување на мечот од квалификациите за Мундијалот во Катар. Според сегашната ситуација, нашите фудбалери не би можеле да влезат на чизмата.

19 години од гостувањето на Македонија во Билбао кога во елемент беше Шаќири

Само два месеци по она славно реми против Англија во Саутемптон, избраниците на Никола Илиевски Џиџи одиграа уште еден нерешен резултат. Ама малку се памети, бидејќи не е официјален.

Турбо распоред во Лига на нации, Македонија за 11 дена игра четири меча

Во седиштето на УЕФА во Нион беше одреден распоредот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023. Во јуни месец за секои три дена натпревар.

Моќна најава за битката Италија - Македонија

Средбата вредна финале во бараж за Светско е закажана за 24 март, најверојатно во Рим, но нашето пријателче кое редовно ни праќа јаки видеа со македонска спортска содржина, веќе скоцка убава најава. Ја грмнал македонската химна на Олимпико. Морници. Едвај чекаме.

Спремни за Италија? Спремни

Не дека за смеење е работава, нормално дека сакавме полесна ждрепка, ама па Пикси го слушнавте што кажа „Што Португалците крилја да не имаат“? Па ајде и ние со таков став, баш како соседите и објавата на нивната најпопуларна Фејсбук страна за нас.

Снимај брат, сега ќе дадеме гол

На радоста на головите на Македонија им нема крај. Порано гол не можевме да дадеме, а сега тие станаа рутина и вредат историја. Најслатко е кога ќе фатиш некој со телефон, како овој на Елмас против Исланд за 2:1, за делириум во друштво, на трибина и на цел стадион.

Како одигра Македонија на единствениот меч против Кристијано Роналдо?

Во архивата на македонската фудбалска репрезентација се забележани и два дуели против моќната Португалија, доскорешен европски шампион, гигант на светскиот фудбал. Со нив сме играле во 2003-та и во 2012-та. И се надеваме пред Светско нема да се гледаме.

Македонија ги дозна сите можни противници во баражот за СП 2022

Со одигрувањето на последното коло во групите Д, Е и Г, конечно ја имаме целата разврска од овој неизвесен, возбудлив и за нас историски квалификациски мундијалски циклус.

Заслужено кафанско опуштање на јунаците

Почнаа со „Земјо македонска“ во соблекувална, па продолжија со „Земјо македонска“ во кафана. Атмосферата на Инстаграм на кратко ја пренесе Дамјан Шишковски, а од фотографии на социјалните мрежи налетавме на Елиф Елмас, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов. На здравје момци.

Историска фудбалска ноќ во Скопје, Македонија за прв пат ќе игра бараж за Светско

Само една година откако го завери историското учество на ЕП, македонската фудбалска репрезентација покажа дека може уште и се доближи на 180 минути до Катар 2022. Браво момци, ова се најуспешните мундијалски квалификации од осамостојувањето.

Ерупција на Градски, Алиоски го торпедираше Исланд по само 7 минути

Феноменален старт на Македонија во последното квалификациско коло за Мундијалот во Катар, која тргна веднаш на јуриш кон голот на Исланд. Уште во првиот бран офанзива, Трајковски му подари мајсторска асистенција на Џани Алиоски, а овој реагираше како врвен голгетер за делириум на трибините.

Незаборавниот 12 ноември, датум кој ќе остане во аналите на македонскиот фудбал

Само ден после феноменалната петарда против Ерменија, календарот вели време е за потсетување на нашата најголема фудбалска радост во историјата. Успех за кој мечтаевме три децении и неостварен сон на многу генерации кој стана реалност.