Таг: лоб удар

Мајсторски гол на Розенборг против Шкендија

Ќе речеш Норвежани се, не може да бидат ништо посебно во фудбал, ама сепак се многу понапред од нас. Тоа лани го осети на своја кожа Вардар, а синоќа и Шкендија која загуби со идентични 3:1. Исам Џебали од Тунис го даде најатрактивниот гол на мечот, а можеби и на вечерта во плејоф средбите од ЛЕ.

Индија вадење лоб удар, да се наежи човек

Роналдо ли е, Меси ли е, Нејмар ли е? Не Сунил Четри е од Индија. Нивниот капитен кој против Кенија го одигра јубилејниот 100-ти настап, постигна два гола од кои едниот што да ви расправаме. 97-ми се на рангот на ФИФА и немаат учество на Светско.

Пазете го лобов на Тоти во балон

По 20 години кариера, греота е да човек да залегне и да се запушти, затоа не е на одмет малку фудбалче со другарчињата. Еднаш мајстор, засекогаш мајстор. Дами и господна, неговото височество: Франческо Тоти.

Душане, што стори Душане?

Не е ова време на Бекам па само од него да чекаме вакви голови од крајот на светот. Шведскиот второлигаш Гаис го има Душан Ѓуриќ кој го натера голманот да се забие во гол.

Ти го мислиш бек, а тој се однесува како Зидан

Денис Кемпе е дефанзивец на Карлсруе кој викендов го постигна можеби голот на сезоната во втората германска лига. Кај што ги направи мајмуни, го остави целосно збунет и голманот со лоб ударот.

Не е ниту Бекам, ниту Чави

Џо Пејн има само 17 години, игра во одбрана и е член е на четвртолигашот Престон. После ова што го направи никој во школо од другарите нема право да му држи лекции по фудбал.

Анонимниот 772. тенисер на АТП за кој навиваше цел Вимблдон

За Маркус Вилис никој не знаел до овогодинешниот Вимблдон. Освен неговите ученици во малиот тениски клуб. Ја баталил играчката кариера, но девојка му го вратила на теренот.