Таг: лоб удар

Цело Перу се држи за глава поради лобов

Спортинг Кристал од Перу го декласираше Национал со 5:1 во Копа Либертадорес. Погледне го потегов на извесен Лора. Па ова е магија од гол.

Чувството кога ќе го исчашиш голманот со пласирана

Додека на европско тло од ЛШ остана уште финалниот натпревар кој ќе го гледаме на 28-ми, кај јужноамериканците за два дена ќе стартува нокаут фазата од Копа Либертадорес. Еден од осминафиналистите е Емелек од Еквадор кој со 7:0 го распарчи Индипедиенте Петролеро од Боливија. Извесен Родригез ептен си го направи ќеифот.

Селски лоб од пола терен со надворешна

Ваков удар веќе никогаш нема да влезе повторно, никогаш, ќе рече еден од публика на крајот од видеото. Абе со мајки, шајки му се истурија откако им ја даде на бавтана. Неверојатен гол.

Интелигенција и елеганција од гол во Премиер лигата

Остај ти Лига Европа и Конференциска лига и види го Португалецот Рубен Невес од Вулверхемптон каков гол му даде на Ватфорд. Не е сè во ножичките и слободните удари. Кликер треба за ова.

Чудесен лоб во Германија од преку 40 метри

Борусија Дортмунд 2 е дел од третата германска лига, каде синоќа славеше 1:3 на гости. Холанѓанец роден 2001-ва по име Имануел Фераи изведе спектакуларна мајсторија на која се чудеа сите.

Во Индија да видите какви лобови паѓаат

Дипак Кумар Рајак го нема со фотка на Гугл, ниту на Википедија, а Трансфермаркт вели е роден 2000-та и дека игра во Индија како лево крило. Голов му е како да ви кажеме, Алекс Дел Пјеро во најјаки дани или Лоренцо Инсиње, како сакате. И тоа во судиско го даде за победа.

Лобот на Кавани е мајсторија на вечерта

Манчестер Јунајтед одигра само 1-1 со испаднатиот Фулам. Во 15' минута конечно пред публика на „Олд Трафорд“, Единсон Кавани покажа зошто му понудија нов богат договор со клубот.

Фантазија од лоб во Премиер лигата

Лидс го совлада Кристал Палас со 2:0, Џани го одигра цел натпревар. Уствари победата требаше да биде 3:0, ако Патрик Бамфорд се решеше да го гаѓа голот место чавките.

Ретко некој вака да го надмудри Ноер

Швајцарија синоќа и одигра 3:3 на Германија на гости, а во 26 минута имаше предност од 0:2 по една контра во која фудбалерот на Аталанта Ремо Фројлер ептен мангупски му одигра на еден од најдобрите голмани во светот.

Гол на колото во Лига на нации

Понекогаш не е фората само да ја пукнеш од 30 метри за да биде еврогол, туку треба и уметност, како примеров со Романецот Александру Максим против Австрија. Потсетува малку на потегот на Карел Поборски на ЕП 1996.

Веројатно најјакиот лоб во женски фудбал

Мана Ивабучи од Јапонија vs Шпанија. Мајсторски, наповторливо и невидено во машки фудбал, озбилно.

Ваквите мајсторски голови на Пандев не потсеќаат

И на Марадона и Тоти, ама тоа голчиштето на Пандев некако не излегува од глава и плус е најтазе. Овој пат такво велелепно нешто се случи во Мексико. За ежење се овие потези.

Што бе на колото, ова е минимум гол на месецот

Не е дека во босанскиот фудбал гледаат на секој меч по еден ваков соло продор со велемајсторски лоб па коментаторот да рече дека е само гол на колото. Семир Штимиќ од Железничар ала Пеле, Меси, Роналдињо и кој уште не. Уф какво чувство за лоб. Без кичма го остави голманот.

Велемајсторија на Кристијан во стилот на Пандев

Кристијан Нобоа е искусен 34 годишен Еквадорец кој настапува за Сочи. Па впрочем само стара коска умее вака да го наштелува шутот кога ќе го сети голманот дека не е на свое место. Преубаво.

Уф што лобче беше ова на Суарез против Челси

Меѓународниот Куп во САД кој завршува на 10 август, знае да извади јаки моменти од минатото. Погледнете како пред 4 години Луис Суарез ја легна одбраната на Челси со се голман. Џабе се исчаши тој што фати да ја вади од гол линија.

Која ти е оваа петица бе неарен?

Ти ги мислиш се собрале рекреативно на фудбалче, а тоа 9-ката да ти криел лудачки Рикардињо и Фалкао амбиции во себе. Едно 10 пати на рипит, инаку исто како да не сте го гледале.

Сите од таму нафрлаат, а овој ја дувна во гол

Бермуда ја совлада Доминиканска Република со 3:1, но за единствениот гол што го постигнаа Доминиканците долго ќе се зборува. Поминаа две минути од мечот и тој што ја прими од десно ја издиша од што ја рогна јако. Не сме виделе некој од тој агол да се истакне со таков лудачки лоб.

Браво бе женска, Величе не можеше ни да добаци од таму

Лига на шампиони жени. Славија Прага vs Баерн Минхен. Шутира извесна Свиткова и ја лобува голманката од преку 30 метри. Е некој ваков гол ни фали да видиме на Градски. Порано беа дрва во средина, ама ајде сега Барди, Варди, Марди, кренете го стадионот на нозе.

Лудачки гол на Алиоски со лоб удар

Фудбалерите на Лидс поведоа против Болтон со 2:1 во 68 минута, а мајсторскиот погодок за второ водство на мечот го постигна македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Мајсторски, ама и чуден лоб, не знаеш дали гаѓа во гол или нафрлува. Голманот месечар.

Колку опасен лоб удар е ова

Имаше еден многу јак и уникатен лоб на Карел Поборски на ЕП 1996 со кој се прослави како играч. Епа од тогаш не сме виделе нешто вакво специјално, дело на Карло Санчез од Сантос. Оди дај го од таа позиција со десна, претешко е ова и ептен мајсторски, ама ептен.

Не е ова гол што се гледа само еднаш

По Кристал Палас и фудбалерите на Клуж може слободно да кажат дека веќе во сред сезона го имаат голот на сезоната во Романија. Коментаторот го спомна Златан Ибрахимовиќ, чие име не може да се избегне кога имаме вакви страшни акробации.

Интелигенција на денот

Ај сега да го оставиме на страна за момент лудилото на Суперкласико и слободните удари на Меси. Има нешто посебно и во оваа акција и тоа многу посебно. Поентата лежи во маестралниот финиш кој никој не го очекуваше. Аплаузи друже.

Колку јак гол од место

Овие кифли потсетуваат на Фиго и Дел Пјеро, ама вака од место ни за нив, ни за никој не е гол како за добро утро. Внимавајте на Жоване Кабрал, колега на Рики од Спортинг. Има само 20 години и ова му е прва сезона во сениорски фудбал. Го сметаат за африкански дијамант, роден е во Зелет `Рт за кој има само еден настап на пријателска, но скоро аплицирал за португалски пасош со намера да настапува за Португалија. Феноменално изведено.

Нафрлуваше или шутираше во гол?

Некои лобови така знаат да бидат опасно изведени, што за голманите нема друго чаре, освен да се помират дека нема бранење. И тоа е ова е фудбалерКА од Ајакс на меч од Лига на шампиони против Спарта Прага. Секоја чест за ударов.