Таг: квалификации за сп 2022

Спремни за Италија? Спремни

Не дека за смеење е работава, нормално дека сакавме полесна ждрепка, ама па Пикси го слушнавте што кажа „Што Португалците крилја да не имаат“? Па ајде и ние со таков став, баш како соседите и објавата на нивната најпопуларна Фејсбук страна за нас.

Од кандидат за Златна топка до промашени 2 клучни пенали за пласман на Светско

Италијанската фудбалска репрезентација, европски шампион од пред пар месеци, одигра мизерен финиш на квалификациите за Светско првенство 2022.

Делириумот на Србите на терен, во соблекувална па во автобус

Жешко беше синоќа на Балканот. Македонија за прв пат во историјата ќе игра бараж за Светско, Хрватска оствари директен пласман со автогол на Русите, а момците на Пикси го шокираа европскиот првак од 2016-та и тоа не нивен терен со голот на Митровиќ во 90-та минута.

Романскиот новинар кој ја прогнозираше Романија - Исланд 72:0

Емануел Рошу е фриленсер кој работи за медиуми како Guardian, FourFourTwo, World Soccer. Веројатно не му даваат да пишува на теми поврзани со спортска прогноза, а другарите бегаат од него кога ќе го видат во квадилница. Нека се прешалта на кошарка подобро.

Романија киксираше, Македонија е на една победа до бараж за Светското во Катар

Македонската фудбалска репрезентација вечерва добива уште поголема причина за да биде посреќна за триумфот над Ерменија, кој сега станува многу повреден, откако Романија не успеа да го совлада Исланд.

Дриблингот за кој сите зборуваат во Јужна Америка

Мислевме дека сè сме виделе од атрактивни потези на мундијалските октомвриски квалификации, а сме го испуштиле главниот и тоа на Колумбиец кој уништи двајца Бразилци. Луис Диаз од Порто во дуел со ѕвездите на Јунајтед и ПСЖ, Фред и Маркињос. Ги испрати дома.

Перфектната Данска која без пораз и без примен гол стигна до Катар

Тешко се стигнува до Светското првенство кое следната година за прв пат ќе го гледаме со тазе направена зимница. На две кола до крајот на квалификациите, им гори под нозе на селекции од европскиот крем, а скандинавците кои играат фудбал со срце, ослабени без лидерот Ериксен, се јунаци од сенка.

Најмангупската интеревенција во квалификациите ја има фудбалер на Грузија

Селекцијата на Грузија стигна до првиот триумф во квалификациите за СП 2022, откако го доби Косово со 1:2 и сега се израмнети со по 4 бода. Во еден момент еден од гостинските фудбалери спаси чист гол на линија, каков голман што нема спасено. Домаќините протестираа кај судијата и мислеа дека топката е внатре.

Во Тирана имаше прекин, Левандовски и соиграчите торпедирани со шишиња

Полска имаше жешко гостување во Албанија во мундијалските квалификации, а во еден момент од второто полувреме, гостите од безбедносни причини се повлекоа во соблекувална и потоа се вратија за да го доиграат мечот.

Германците не биле баш педантни во соблекувална

Новинар на Билд успеал да го сними амбиентот по заминувањето на германските фудбалери од соблекувалната на Градски. Според содржината во видеото каде не гледаме пиво, се гледа дека четикратниот светски првак не го славел пласманот на Мундијалот во Катар, ама и не го оправдале својот менталитет во однос на хигиената. При канти, отпад оставиле и на земја и на под.

Какви се шансите за Македонија до бараж за Светско?

Македонската фудбалска репрезентација ја загуби втората позиција во групата, бидејќи освен синоќешниот пораз, не се поклопи ниту посакуваниот нерешен резултат меѓу Романија и Ерменија. Романците победија и си го отворија патот до баражот. За нас сега стана потешко.

Турски начин на мотивирање соиграч

Јусуф Јазичи е мотиваторот, а тој што ја трпи „малтретажата“ е 20 годишниот Ридван Јилмаз. Коментаторите се смееа, а фудбалерот на Лил како тргна, мислиш око ќе му извади. Инаку Турција ја победи Летонија 1:2, со гол од пенал во 99-та минута.

Германија убедливо ни врати за Дуизбург

Македонската фудбалска репрезентација немаше сили за уште една сензација против една од најмоќните селекции во светот. Германците се одмаздија за неочекуваниот пораз на првиот дуел и го заверија пласманот на Мундијалот во Катар.

Згрми химната на Македонија

И покрај лошите временски услови, македонската фудбалска репрезентација има целосна поддршка од трибините. Националната арена е исполнена до половина, колку што дозволуваат протоколите. Уживајте во воведот на првото гостување на поранешниот светски и европски првак во Скопје.

Не им е доста, од лакомост сакаат да направат Светско првенство на секои 2 години

Идејата за Мундијал на секои две години со која би се обесмислила дражта и убавината на Светско првенство, за некое чудо проистекнува од еден од најголемите борци за правда и спортско витештво, Французинот Арсен Венгер.

Головите на Кејн и Левандовски му се најнебитни

Легендата вели дека бил воодушевен од чизмите и дека се мислел дали да стартува со клизачи во стилот на Пепе, Рино Гатузо или Јенс Јеремис. Инаку Полска и Англија одиграа 1:1.

Најчудната сцена во мундијалските квалификации

4 септември, Д група, Украина - Франција 1:1. Да повнимаваме што ќе кажеме, да не погрешиме. Ако не се лажеме, ова не е монтажа.

Борбената Македонија само до реми со Романија

Во 6. коло од квалификациите за Светско првенство 2022 во Катар, репрезентацијата на Македонија одигра нерешено без голови против Романија и по шест рунди е на 4. место на табелата со 9 освоени бода.

Везилка со Холандија, Белгија и Хрватска

Убави денови на репрезентативен фудбал, фали уште нашите вечерва да пркнат со победа во овој за нас несреќен септемвриски период. Со преку 10 натпревари на ден, да се изнагледа човек атрактивни акции и голови, посебно на големите селекции.

ТВ пренос ќе има кога ќе си го видам тилот

Африканците се надминаа себе си во бојкотирање фудбалски натпревар од мундијалските квалификации. Не сме сигурни дека вакво нешто до сега се случило во било кој спорт во историјата.

Теренот на Градски е нерамен и полн со дупки, Романците се жалат

И во ек на најубавите мигови кои ги живееме со македонската репрезентација, која не израдува со пласман на Европско, а сега игра за пласман на Светско, мора нешто да шкрипи во фудбалска Македонија. Тревата е за никаде и ќе стане ораница ако вака се однесуваме, а веќе и почнува да станува.

Место да влезе со топка во гол, тој едвај ја погоди и се посрамоти

Евиденс Макгопа од Јужна Африка го направи најнереалното фудбалско промашување оваа година, откако се ушепртља пред гол без никој да му смета. Среќа што неговите дадоа гол во 83-та минута за победа против Гана во мундијалските квалификации.

Остај ги ти Аргентинците, Мароко со војска ги штитеа да не загинат

Бурна неделна ноќ во мундијалските квалификации, ама најбурна во Гвинеја, каде гостуваше селекцијата на Мароко и едвај чекаше да фати џаде. Натпреварот беше одложен поради воен удар, а фудбалерите беа штитени со војници, наоружани до заби за да ги пренесат од хотел до аеродром.

После слободните на Меси, не чуди што Бразил ја прекинал средбата

Пред мечот Бразил - Аргентина во Ресифе, Лионел им шутира слободни удари на голманите додека се загрева. Во мајтап аргентинските навивачи коментираат дека после тоа што го виделе, Бразилците рекле подобро да не играат со него.