Таг: кредит свис

Ако ве интересира зошто пропадна Кредит Свис читајте во 2073-та

Истрагата на швајцарскиот парламент за колапсот на една од најголемите банки во светот, Кредит Свис, ќе остане запечатена во следните 50 години, се тврди до документ на парламентот.

Кредит Свис цело ова време одржувала сметки на нацисти од Втора светска војна

Речиси 100 сметки поврзани со германски нацисти и нацистички групи од Аргентина, сосема легално постоеле и функционирале во Кредит свис сите овие децении од завршетокот на Втората светска војна, а некои биле активни и до пред некоја година.

Драмите што ја завршија 166-годишната историја на Кредит Свис

Некогаш еден од столбовите на глобалниот финансиски систем, Кредит Свис груп АГ, по напнати 48-часовни преговори повеќе не постои, и за 3 милијарди швајцарски франци ќе се претопи во швајцарската банка УБС. За луѓето што ја следат банката, нејзиниот пропаст беше само прашање на време.

Кредит Свис и моралниот банкрот на швајцарските тајни

Секој еден пат кога новинарите ќе го кренат плаштот на таинственост на финансискиот сектор, се открива мрежа на корупција и злонамерни активности, и секогаш неспоредливо побројни се сомнителни клиенти и семејства на диктатори, зачинето со неколкумина навидум почитувани политичари.

Швајцарците гледаат ќар во бегалците

Швајцарската банка им се отвора на клиентите дека ова што се случува со бегалците во Европа се одлични вести за економијата и на краток и на долг рок.

Африканецот што стана ЦЕО во Швајцарија

По раѓање е внук на првиот претседател на Брегот на слоновата коска, по карактер е една од најголемите бубалици во земјата кој како тинејџер успева да се запише во елитниот Екол Политехник во Париз. Во сето ова нема многу помош од татко му, кој добар дел од животот го минува во затвори, под обвинение за државен удар. Од јуни на Тиџијан Тиам му почнува 6-годишен мандат за ЦЕО на Кредит Свис.