Таг: ковид

Животната приказна на Каталин Карико, овогодинешна добитничка на Нобел за медицина

Денес, 2.10, беа соопштени првите добитници на Нобел во низата која вообичаено се случува во месец октомври, а која почнува со оние за физиологија или медицина. Каталин Карико и Дру Вајсман високото признание го добија за развојот на mRNA вакцините против Ковид. Животната патека на унгарско-американската биохемичарка до овој момент е навистина интересна. 

Борис Џонсон извади најшвалерско оправдание за да куртули од истрагата за ковид

Поранешниот премиер на Британија не може да ги предаде разговорите од Вотсап на официјалната истрага за коронавирус во Британија, затоа што човекот го заборавил пинот на телефонот.

Новак Ѓоковиќ и неделата кога Австралија се мрдна од умот

Австралија ги укина ограничувањата поради ковид. Во јули 2022-та ја укина задолжителната вакцинација за посетители. Во ноември ја тргна официјалната забрана за влез на Новак Ѓоковиќ. И, минатиот месец тој пристигна во Австралија, без никаков проблем. Се чини спласна хистеријата со која беше дочекан пред година дена. 

Ќе издржи ли срце вакцинирано?

Во Хајделберг правеле аутопсија на луѓе кои ненадејно починале од срце. Заедничко за сите е што претходно немале срцеви проблеми, и тоа што кратко пред смртта примиле мРНК вакцина против ковид. 

Долга е раката на пандемијата

Пандемијата заминува но во наследство ни остава  - вишок смрт. Не се умира од ковид, ама се умира повеќе отколку пред да почне белјата. Зачестените смртни исходи на проблеми со срцето и дијабетес укажуваат дека пандемијата допрва ќе прави зулум и дека индиректно ќе усмрти и повеќе луѓе отколку кога коронавирусот беше главен.

Тие што хејтаа „анти-ваксери“, сега бараат амнестија

„Зезање со смрт на анти-ваксер од ковид можеби е морбидно, ама е НЕОПХОДНО“ гласеа колумни во угледни медиуми во хистеричните времиња на пандемијата. Tие некогашни карантински апостоли сега пишуваат нови колумни во кои предлагаат да си простиме за тоа што си кажавме и правевме едни на други во црните денови на ковидот. А извинување, каму?

Њујорк ги враќа невакцинираните на работа

Американски судија му нареди на Њујорк да ги врати работниците кои добија отказ поради непочитување на задолжителната вакцинација за сите вработени во градските служби.  Не само што ќе се вратат на работа, отпуштените ќе ги добијат и платите кои им се должат.

Вакцинацијата на децата како нивна „крштевка“

Иако ковид вакцините немаат што многу да им пружат на младите возрасни групи и не го спречуваат ширењето на вирусот, тие сепак влегуваат во официјалните календари за имунизација. Боцкањето за ковид станува нивна секуларна крштевка, иницијација во телото на граѓанството, доказ дека се подобни да бидат членови на заедницата. 

Оскари: Вакцини за номинирани и публика, но не и за презентери

Ковид-мерките за Оскари 2022 варираат во зависност од тоа дали се врачува награда или не - Академијата бара доказ за вакцинација само од номинираните од другите во публиката.

Како да ти објаснам...

Кога би можеле да се вратите во времето и на самите себе да си ја објасните пандемијата, што би кажале?

Кога завршува една пандемија?

Има стратегии што владите и заедниците ги користат за да задржат и да завршат пандемија и некои методи се подобри од другите. Ние имаме стратегии како да се преправаме дека ни е супер, еве излегуваме, ама во исто време „нешто мора маска“.

Се бара здрава концертна публика за германски коронавирус експеримент

Германски истражувачи повикале 4.000 волонтери да присуствуваат на поп-музички концерт, за да им помогнат да ги проценат ризиците од заразување со коронавирус на масовни собири.

Дејвид Ли Рот (Ван Хален) почнал да слика, и е одличен

Откако пандемијата го врзала дома, музичарот почнал да се занимава со нешто што го нарекува „изведбена терапија“.

Почина батлерот кој служел под 11 американски претседатели

Вилсон Џерман, кој во Белата куќа најпрвин работел во времето на Ајзенхауер, а се пензионирал под Обама, починал од коронавирус на возраст од 91 година.

КОВИД-19 е најбрзо внесениот збор во речник

Во оној официјалниот на македонскиот јазик можеби ќе се воведе (ако воопшто) во некоја далечна иднина, кога светот ќе го тресе некоја нова пандемија. Но во Меријам-Вебстер, речникот на англиски јазик, ова е термин кој се најде побргу од AIDS, за само 34 дена од официјалното соопштение за вирусот на СЗО.