Таг: композиција

И композиција од македонски автор ја крие низата на Фибоначи

Пред некое време пишувавме за тоа дека песната „Латералус“ на американскиот метал бенд Тул и во музичка и во јазична смисла ја следи логиката на броевите на Фибоначи. Но не знаевме дека има и македонски композитор кој бил инспириран од истото.

„Валцер за изолација“ на еден 7-годишен композитор

Првиот час по пијано го имал од татко му, професионален музичар, кога имал само три години. На шест настапил во Карнеги хол. А сега, на седум, компонирал валцер за полесно справување со изолацијата.

Химната на Лига на шампиони е толку моќна што ја пеат и судиите и фудбалерите

Зинедин Зидан еднаш изјавил дека нема фудбалер кој рамнодушно ја слуша химната на Лига на шампиони. „Просто е магија. Дури и ако си фудбалер кој гледа од дома, оваа песна ќе ти го привлече вниманието“, рекол Зизу.

Хорска композиција посветена на еден бизон

Во северна Манитоба во Канада, еден бизон постојано бега од ранчот каде живее. Локалците го нарекуваат бегалецот Фреди, и тој веќе има статус на локален „селебрити“. Сега во негова чест е компонирано и специјално музичко дело.

Најдолгото дело за пијано кое некогаш било изведено

На 1 декември 1930 англискиот самоук композитор со индиско потекло Каикосру Сорабџи настапил на сцената на Стивенсон хол во Глазгов, за да изведе едно од неговите дела. Четири и пол часа подоцна, се онесвестил по големото финале.

„Анкрасмација" - кодниот нотен систем на Вадада Лео Смит

Не дека ни се пријатели, ама Скопскиот џез фестивал оваа година има навистина интересна програма. Меѓу другите, на 19. октомври во МОБ ќе настапи авангарден трубач и композитор, кој во 2012 беше финалист за музичкиот Пулицер. Една од неговите иновации - графички систем на пишување партитури, кои овозможуваат голема слобода на изведување.