Таг: карим бензема

На Бензема му бараа легитимација на Стемфорд Бриџ, па после им покажа кој е

Дали е Петко, Станко или играч на Реал Мадрид, во Англија не гледаат, туку правила си се правила. За да влезеш, мора да имаш пропусница. Па за среќа, односно за несреќа на домаќините, добро што Карим ја нашол.

Лудорија од хет-трик на Бензема за 17 минути, дрим тимот на ПСЖ се изгуби во Мадрид

Откако Кристијано Роналдо го нема на Бернабеу, новиот јунак на Реал Мадрид се вика Карим Бензема. Мега дерби за уживање благодарение на кралевите кои блеснаа во второто полувреме и со екстра брз пресврт ги урнаа Парижаните. И на реванш осминафиналето ПСЖ поведе со гол на Мбапе. 

Голчиштето на Бензема е реплика од 2015-та против Реал Сосиедад

И во двете ситуации се извлекува од истиот агол, ја шутира од идентична позиција, на идентичен начин и на идентично место. Неверојатно колку се поклопуваат овие две мајстории, изведени во временско растојание од шест години.

Бензема е ова или Кристијано Роналдо?

И покрај Ковид пандемијата во редовите на Реал Мадрид кој на тешкото гостување во Баскија отпатува без дури 11 играчи, кралевите демонстрираа моќ со нови 3 бода. Бензема не запира.

Атракција на Бензема против Атлетико за личен голгетерски рекорд во 2021-ва

Актуелниот шампион на Шпанија капитулираше во мадриското дерби и сега и на -13 со натпревар помалку зад големиот ривал. Карим Бензема ја игра сезоната на кариерата.

Една година условна затворска казна за Бензема

Заврши долгата или предолгата сага за случајот со секс снимката на Валбуена, поради која Карим Бензема пет години беше суспендиран од француската репрезентација.

Бензема откри кој му е најомилен од сите 200 гола за Реал

Францускиот центарфор блеска и на почетокот на сезонава. Веќе постави неколку рекорди, во само шест одиграни кола има осум гола и дури седум асистенции. Минатиот викенд против Мајорка (6:1) имаше два гола и две додавања за гол, а по јубилејниот 200. погодок кажа кој му е најомилен.

Прием на Бензема ала Роналдињо, 200 гола во Ла Лига и рекорд кој го немаат Роналдо и Меси

Реал Мадрид игра на стартот на новата сезона како по ноти, 21 гол на 6 меча, а човекот кој најмногу дојде до израз на Бернабеу откако си замина Кристијано се вика Карим Бензема. И на тилот има очи.

Смешна реакција на францускиот селектор во Нур Султан

Со гол на Осман Дембеле и автогол на Серхеј Малји, Франција го совлада Казахстан на гости со 0-2 и се извади по киксот 1:1 со Украина. На прес после мечот казахстански новинар го праша Дешам прашање со кое француските новинари го дават со години.

Карим бе што направи?

Реал Мадрид го доби дербито во групата против Интер и се врати во живот во борбата за топ 16. Можеа многу лесно да слават и 4:2, ако Бензема не се истепаше со топката.

Камера го улови непристојниот Бензема

Карим синоќа со нов гол влезе на вечната листа стрелци кои давале гол во 16 сезони од Лига на шампиони. Таму е со неприкосновениот Лионел Меси. Синоќа Реал спаси жива глава против Борусија Менхенгладбах и после 2:0 извади 2:2.

Зидан и Карим се кабили - берберски народ од Алжир со кој многу се поврзани

Творците на големиот шампионски успех на Реал Мадрид имаат исто потекло. Нивните родители се од северен Алжир а и Зизу и центарфорот се родени во Франција но не забораваат на своите корени.

Реал освои титула првпат после три години, Зидан е волшебник - 11-ти пехар со „кралевите“

Реал и Барселона се израмнија по вкупниот број на освоени трофеи во клупската историја. Верувале или не, со сите пехари кренати низ историјата во разно-разни натпреварувања, и „меренгес“ и „блауграна“ имаат идентичен број на трофеи.

Асистенцијата на Бензема за која зборува цела Европа

Реал Мадрид го реши Еспањол на гости со 0:1, ама никој не зборува за единствениот гол на средбата кој го постигна Каземиро, туку за асистенцијата на кариерата на Карим Бензема.

Мајсторлукот на Бензема

Реал Мадрид со 3-0 убедливо ја победи Валенсија и ја продолжи трката за титулата со Барселона. На гостите од „Местаља“ во првиот дел им беше поништен гол при резултат 0-0, а после Бензема и Асенсио ги докрајчија. Овој првиот даде преубав гол, а вториот после прв контакт со топка откако влезе во игра.

Роналдо без Бензема vs Бензема без Роналдо

Ха, интересна е споредбата бидејќи може да се гледа од повеќе агли, ама ај да не навлегуваме премногу, бидејќи пред се фудбалот е тимска, а не индивидуална игра.

Гаф на денот

Фудбалерите на Реал Мадрид се појавија на медицински прегледи, а познатиот шпански вениск „АС“ направи несфатлив кикс со фотките од играчите. Главата на Еден Азар ја намонтирале на телото на Бензема, а во фотошоп му ставиле и тетоважа на раката.

Ова да го промашат европски прваци е срамотилаци

Толку беше Реал лош вчера, што успеа да упропасти и шанса како да се случува во некој нисколигашки фудбал. Модриќ и Бензема сами два на еден со голман. Па шутни бе ја Лука, сам си и нели гледаш дека човек му оди на Карим, плус толку е цреп што понекогаш сам паѓа без никој да го допре.

Карим растура, публиката го величи

Реал Мадрид влезе во одлична серија и има 5 од 5 во Куп и првенство и тоа доста ефикасно со 15 постигнати гола. Најсветла точка периодов во тимот им е најоспоруваниот, Карим Бензема кој топ не го бие веќе 10-та сезона на Бернабеу. Во моментов е најдобар стрелец во тимот со 10 гола, а само на последните четири средби постигна шест. Сосема заслужени се овие скандирања.

До критичарите на Карим Бензема

Дека бил тромав, дека бил незграпен, дека не давал голови, дека делувал инертно и незаинтересирано. Французинот синоќа против Еспањол покажа зошто од клубот заминуваа Ван Нистелрој, Хунтелар, Игуаин, Раул и многу други напаѓачи, а тој остана незаменлив дел од „кралевите“: По мечот во Барселона синоќа изјави: „Сите бараат од напаѓачите голови, но јас сум 9-ка со душа на 10-ка“.

Зошто ви е толку омилен Бензема?

Немаме ништо лично против човекот кој веќе 10 години ниту еден тренер во Реал не се осмелува да го седне на клупа, ама па на толку форсирање ќе помислиме дека му е некој внук на Перез со дебели врски и во ФИФА и УЕФА.

Тешко на Реал без Роналдо и со Бензема што не знае кај е голот

Кога го носиш товарот на актуелен европски првак и тоа во историска низа од три пати по ред, нормално дека минималниот пораз од една ЦСКА Москва ќе се смета за тежок. А да е само тоа проблемот. Нов шпиц им треба.

Роналдо и Бензема се поефикасни само од напаѓачите на Беневенто

Апстиненцијата од голови на ударното дуо на Реал Мадрид е до толку голема оваа сезона, што и една Марка зема да ги ремети и да ги споредува со фудбалери кои играат во екипа која синоќа стигна до најнеславниот рекорд во Европа.

Најголемите промашувања на Карим Бензема

Важи за феномен затоа што смени еден куп врвни напаѓачи и може да се каже дека има најсигурно место во составот на Реал. Не е дека не дава голови, дава и мести асистенции ама тоа што знае да го промаши он, не може никој.