Таг: Кафка

Кафка не сакал цртежи од инсектот од „Преобразба“ - Набоков не издржал

Она во што се претворил Грегор Самса, главниот лик во „Преобразба“ во различните преводи е наведено како „бубашваба“, „инсект“, „џиновска бубачка“. Ниту еден од овие описи не е неточен, бидејќи Грегор има повеќе нозе и некој вид егзоскелет, какви што имаат инсектите. Но германските зборови од првата реченица кои се користат за негов опис се многу помистериозни. 

Приказната дека Кафка пишувал писма од загубена кукличка за да утеши девојче

По трагата на еден твит со трогателна приказна за авторот на „Замок“ и „Процес“, се обидовме да сфатиме дали таа држи вода или е повеќе од оние кои им се припишуваат на славни личности само поради мотивациската порака.

Бубашвабата што стана премиер: нова книга на Јан Мекјуан

Модерна верзија на „Преобразба“ на Кафка, која е истовремено и политичка сатира, новиот краток роман на Мекјуан под наслов „Бубашваба“ главно се однесува на Британија. Иако политиката насекаде е полна со гнасни инсекти.

Ќе почнеме ли да читаме книги со кациги за виртуелна реалност?

По ВР-гејмингот и ВР-порнографијата, следно ниво е преточување книги во виртуелна реалност. Може па е добар начин децата со интерес да ги „читаат“ лектирите.

Неостварената бизнис идеја на Кафка - да пишува туристички водичи

Додека патувал низ Европа со другар му Макс Брод, летото 1911, на Кафка му дошла бизнис идеја - да пишува водичи со совети за тоа како да патуваш со малку пари. И во оваа работа бил визионер.

99 работи што не ги знаевте за Кафка

Рајнер Стак, германски писател, е најпознат по неговата детална и дебела биографија на Кафка од три тома и 1,500 страници. Во новата книга тој открива некои необични детали за славниот писател, до кои дошол во текот на долгото истражување на архиви од Прага до Израел.

Што се случува кога писател не може да си го доврши делото?

Умирале, се откажувале, мистериозно ги прекинувале - сите овие се можни причини зошто некои дела остануваат без својот крај. Но понекогаш тоа се доживува потрагично, што пак врши неверојатен притисок врз оној којшто треба да ја нахрани јавноста. А сè што сакал на почетокот било да си пишува раат.

100 години од „Преобразба“ на Кафка

И после цел век приказната за човек кој се буди како огромен инсект сè уште шокира - многумина ја сметаат за најдобра во сета книжевна фикција.

Посни муабети

Божиќен пост. Морав да се смирам малку по последниот излив на револт против неразумноста за да се склопи приказнава. Всушност, ме смири ситуацијата на теренот, ама за тоа потоа.

Балет според „Преобразба“ на Кафка

За Едвард Вотсон се вели дека е еден од најдобрите британски современи танчари. Неговата најнова улога, како Грегор Самса во „Преобразба" на Кафка, во кореографија на Артур Пита, дефинитивно го потврдува тоа.

Тоалетни книжевни референци

Ако сте приморани по цел ден да гледате цртани на некој од странските канали сигурно сте забележале дека во нив често се провлекува и по некој скриен цитат, иронија или референца кои како да сакаат кажат: јас (цртачот/сценаристот на глупиов цртан) бев роден и образован за повеќе од ова.

Што би рекле Кафка и Орвел?

Коментирајќи ги најновите контроверзи околу владиното следење на интернет, Обама изјави: „Теориски може да се жалите во врска со Големиот брат и дека ова е потенцијално агресивна програма, но ако ги погледнете деталите, тогаш мислам дека го имаме вистинскиот баланс". 

Куферот на Дерида

Францускиот филозоф, татко на деконструкцијата, пост-структуралист и постмодернист, едно од оние имиња по кои често се посегнува кога човек сака да звучи начитано („како што вели Дерида..."), има нова биографија. А во неа и една интересна анегдота, која колку што зборува за него, толку зборува и за односот на власта кон мислечките суштества.

Книжевните инспирации на Пуси Рајот

Пуси Рајот секако не се првите музичари судени заради хулиганство или дела против државата. Свои претходници и инспирации во оваа смисла тие имаат и меѓу писателите. Неколку од нив беа спомнати во нивните завршни зборови пред судот.