Таг: јошко гвардиол

Матео Ковачиќ со мајсторија за најавни шпици

Манчестер Сити го торпедираше Лутон со 5:1 и изби на челната позиција пред утрешните пресметки на Ливерпул и Арсенал. Издвојуваме три прекрасни погодоци од средбата, дела на Ковачиќ, Гвардиол и Доку. Хрватот од среден ред изведе ремек дело.

Мика Ричардс го изненади Гвардиол со прашање на хрватски

Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс се задолжени за шоу во студиото на СиБиЕс пред и после секое коло од ЛШ. Го вклучија во живо Јошко Гвардиол по што на сцена стапи Ричардс. Додуше и Карагер на крај го повтори истиот збор на хрватски, ама изговорот му беше крш.

Како Мамиќ го открил Гвардиол и направил „лицитација“ меѓу Лидс и Лајпциг?

Со брат му ја врзале да игра во првиот тим на Динамо уште како тинејџер, а потоа преку син му договарал трансфер во Лидс. Но агентите влечеле повеќе накај Лајпциг за доброто на неговиот развој и покрај тоа што Англичаните нуделе 27 милиони евра. Кога Здравко Мамиќ го видел Јошко Гвардиол како игра на турнир на само 16 години, одма се фатил за телефон за да го прекомандува.

Меси му го испи мозокот на Јошко Гвардиол

Големата надеж на Хрватска и член на Лајпциг, кој на 20 години одигра фантастичен деби Мундијал, не успеа да излезе на крај со човекот кој и на 35 години е оса. Брилијантната игра на Меси еден на еден со Гвардиол, беше клучна за третиот гол на Аргентинците кога му асистираше на Алварез.

Нафрли пиво на втора статива

Хрватскиот репрезентативен бек Јошко Гвардиол со 19 години веќе е меѓу главните играчи во Хрватска и во РБ Лајпциг каде дојде во јули годинава од Динамо Загреб за 18.8 милиони евра. На мечот Клуб Бриж - РБ Лајпциг кој заврши 0:5 за гостите, при една прослава на гол Гвардиол удри со рамо полна пластична чаша пиво која долета од трибините.

Стоперот на Динамо Загреб Јошко Гвардиол кој го викаат Пеп

Динамо Загреб веќе неколку сезони е многу сериозен и стабилен европски клуб. Хегемонот во хрватскиот фудбал синоќа со 2:3 на гости го победи руски Краснодар во Лига Европа. Стефан Ристовски го одигра целиот меч.