Таг: изложба

Сонце мое: најголема изложба на сите времиња посветена на нашата најблиска ѕвезда

Во Музејот на науката во Лондон се поставува изложба која се најавува како „спектакуларно интерактивно искуство“, со уникатни артефакти и визуелизации кои (буквално) фрлаат нова светлина на врската на човекот со најблиската негова ѕвезда.

Нова изложба која ги поврзува Адам, Ева и Тиндер

„Што е љубовта?: од Амор до Тиндер“, поставена во Кунстхале во Бремен, ги истражува различните начини на кои уметниците низ вековите ја имаат прикажувано љубовта, од класичните идеали до компјутерското доба.

Нов тренд: бавно гледање

После бавно јадење и бавно мислење, доаѓа бавно гледање. Го воведува британски музеј, кој од посетителите бара да стојат пред секоја слика барем триесет минути.

Уметноста на фудбалот: изложба посветена на убавата игра

Во уметничкиот музеј Перез во Мајами низ голема изложба се истражува врската помеѓу уметноста и тркалањето топка врз трева.

Назотека или збирка на скршени носови

Насловот звучи необично, но се работи токму за тоа - за голема збирка носови, изработени во мермер, камен и други материјали, кои отпаднале од оригиналните скулптури и сега не може да им се најде сопственикот.

Изложба која ги преиспитува границите помеѓу уметноста и документарното

Данкан Хигинс, професор по визуелна уметност во Британија и Норвешка, со изложбата во Скопје, која ќе биде отворена утре (вторник) во Музеј на град Скопје, поставува интересно прашање - дали уметничките слики можат да играат документаристичка улога?

„Месо“: изложба за борбата помеѓу животот и смртта

Во Altes Museum во Берлин се отвара изложба на древна и современа уметност, која го истражува постојаниот конфликт помеѓу живите и мртвите во човечката култура.

Изложба посветена на текстилните работници во Бангладеш и САД

Уметницата Рејчел Брин и поетесата Алисон Морз укажуваат на тешките услови за работа на текстилните работници, поттикнувајќи ги гледачите критички да се осврнат на својата потрошувачка на облека.

„Обликот на времето“ - изложба во Уметничко-историскиот музеј во Виена

Што ако делата на старите мајстори од колекција која покрива неколку илјади години ги спариш со такви на модерни и современи уметници? Добиваш приказна која надминува историски епохи, трендови и стилови, и кажува нешто повеќе за човечката состојба. Онаа на секој човек, насекаде. 

Музеј во Париз ќе дозволи голи посетители за Денот на нудизмот

Ако во мај ве води патот накај Париз, и ако случајно по пат ви се загуби куферот, тоа ќе ви дојде таман за да посетите изложба на која услов е да не бидете облечени. Ако успеете да најдете карта.

„Калвин и Хобс“ како инспирација за визуелна поезија

Тони Луис е голем фан на момчето Калвин и неговиот замислен другар, тигарчето Хобс. И тоа го покажува со бришење на цртежите од стрипот, и правење колажи од текстот, кој така станува негова автобиографија.

9-годишното девојче што го сака Боуви

Кога детето ти слуша музика што и тебе ти се допаѓа ти доаѓа мило, дека си завршил работа како родител. Ама па истовремено ти е и некако шубе, дека нема со кого да си направи муабет на темата, затоа што неговите врсници не се баш по Кеш и Боуви. Затоа и се израдувавме на текстов. 

Изложба на игрици која завршува со нивно уништување

Секоја година на БарСК во Мелбурн организира специјален настан - „гејм џем“ или работилница за програмери и љубители на видео игри која трае од сабајле до вечер. Кога часовникот ќе отчука полноќ, сè на што напорно се работело цел ден се уништува. Соодветно на ова, изложбата се вика - Дилит.

Уметноста на лудилото

До 18 март во Париз, во спомен-куќата на Виктор Иго, се одржува изложба на четири збирки уметнички дела кои датираат од периодот пред и за време на двете светски војни. Она што ги разликува од „обичните“ е што се направени главно од анонимни уметници, кои во тој период биле пациенти во некоја од европските психијатриски болници.

Југословенскиот брутализам сред Њујорк во МоМА

Под наслов „Кон бетонска утопија: Архитектурата во Југославија, 1948-1980“ њујоршкиот Музеј на современа уметност летово ќе организира изложба од најразлични модели, скици, фотографии и филмски кадри од југословенските бетонски зданија.

Како се мести изложба во МоМА

Имаш врвни уметници и врвни дизајнери, и џабе ти се они ако не се жените и мажите во бекстејџ на музеите и галериите, задолжени со пакување, распакување, пазење, чистење, средување, редење, и што уште не, на уметничките дела пред тие да ти се појават пред очи.

80 години од изложбата на „Дегенерирана уметност“

На 19 јули 1937, во организација на Адолф Циглер и нацистичката партија, во Минхен бил организиран настан на кој биле претставени 650 уметнички дела. Нивниот заеднички именител - дека тие всушност не се уметност, туку дела на дилетанти кои го навредуваат чувството за убаво.

Ананас, анавас, сè е тоа уметност

Во име на добрата заебанција студенти прошверцувале ананас и го оставиле среде една уметничка изложба. Аха, луѓето најнормално поверувале дека се работи за еден од експонатите.

Интерактивна изложба инспирирана од „Црно огледало“ во Лондон

„Во непознатото: патување низ научната фантастика“ ќе биде отворена во јуни. Се базира врз препоставката дека современиот живот сè повеќе наликува на дистописката серија на Чарли Брукер. Што би рекле во сараевска „Аудиција“ - ш’о претпоставка, чиста вистина!

Пронајди го твојот древен двојник

Интересна музејска идеја, која додуша може да повлече дискусии кои се прелеваат вон областа на физичката антропологија. На пример, кој повеќе личи на Аполон, просечен Бугарин или Македонец? 

Запознајте го уметникот Еди Рама, премиер на Албанија

И покрај купот инфраструктурни, економски и други проблеми во Албанија, нејзиниот премиер наоѓа време и за сликање. Во моментов е во тек негова изложба во една од врвните светски галерии.

Политика ли е?

Политика ли е ако напишам текст за тоа?

Трибјут за Оскар Вајлд во затворот во кој минал две години

Затворот Рединг, откако е затворен од Министерството за правда во 2013, прв пат ги отвoра вратите за посетители. Овој пат за уметници и за публика, а во чест на еден негов некогашен жител. 

Архива на многу лоши вицови за (нечии) мајки

Да е Цепенков жив на интернет би имал куп материјал за архивирање. Едни такви современи, американски „Цепенковци“ имаат направено изложба за вицови во врска со мајките од различни култури. А мајките, пустите, ни криви ни должни, во нив се и грди, и глупи и дебели.