Таг: хилари трамп дебата

"Што мајка ти?" претседателски дебати

Хилари Клинтон и Доналд Трамп во претседателските дебати, и општо во кампањата, влегоа со прилично голема пратка личен багаж. За Клинтон тоа претежно беа мејловите и говорите и блискоста со Вол Стрит. За Трамп, тоа беше речиси секоја тема за која некогаш отворил уста.

Некој само што победи во интернет

Појака порака од Бенд еид, Лајв еид, Ју рок мисија, Битлси и Ју ту заедно.

Втора дебата, ноќта по снимките на Трамп

Пред почетокот на викендот распоредот во претседателската трка во САД беше: во првата дебата победи Хилари ама не многу, а Трамп изгуби, ама не многу. Плус добар дел беа изненадени од одличниот настап на Пенс, изборот за потпретседател на Трамп, во дебатата со Кејн, изборот на Хилари. Сето ова важеше до петокот кога Вашингтон пост објави снимка од Трамп, како експлицитно се отвара за своите пракси околу жените во брак.

Како да модерираш претседателска дебата

Главен судија, порота, водител, контролор и модератор на понеделничката дебата, беше водителот на вечерните вести на Енбиси, Лестер Холт. За разлика од претходните избори, годинава немаше некоја погласна забелешка за тоа како тој си заврши работата.

Прва рунда, Клинтон

Впечатокот што го пренесуваат американските медиуми е е дека во првата претседателска дебата Клинтон успева да му влезе под кожа на Трамп и како ретко кога во последниве две години терање кампања, републиканскиот кандидат да ја изгуби смиреноста и постојано да е во гард.