Таг: хернан креспо

Хернан Креспо против Реал, со прстите од стапалото

Имаме јако ретро од Лига на шампиони, малку подзаборавено од сезоната 2000/2001. Дуел на Олимпико во Рим меѓу Лацио, актуелен шампион на Италија и Реал Мадрид, актуелен првак на Европа. 2:2 заврши оваа средба, а еден од стрелците беше култниот мангуп Хернан Креспо. Пргав и многу снаодлив во шеснаесетник, кој и во една ваква ситуација знаеше да ја боцне во гол.

После Истанбул Пирло сакал да заврши кариера, Гатузо да замине, Анчелоти не спиел

Најлудото финале во историјата на Лига на шампиони и 15 години подоцна уште ги боли играчите и навивачите на италијанскиот трофеен гигант.

Легендарните трансфери од италијанско за кои секогаш ќе се зборува

Серија А на крајот од 90-те го достигна врвот. Колку беше тоа јака лига говори фактот што од 92-ра до 98-ма имаше седум финалисти по ред во ЛШ. Јуве и Милан во таа декада заедно освоија осум Скудета, а трансферите се оние за кои уште се прави муабет кога ќе се седне на кафе. Одиме само со 6 од многуте.

Како Барса го отпуштила Икарди поради ПП апарат во интернат

Со примената на филозофијата на Пеп Гвардиола. освен првиот тим, секоја категорија во академијата на Барселона морала да се прилагоди на новиот начин на игра. Во таквиот систем имало место за Ибрахимовиќ, ама не и за Икарди кој ги спакувал куферите и си отишол.

Зошто дербито на Буенос Аирес е најдобро на свет?

Во 105-годишната историја на ривалство меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт, фудбалерите и навивачите на двете екипи направиле сè што е возможно за ова дерби да стане најмоќно во светот. Зошто овој вековен дуел стана туристичка атракција и сон на многу луѓе ширум светот.

Ристовски против Арсенал, Милан оди во Пиреа, Челси во Солун

Европското квалификациско лето заврши и со денешната ждрепка во Монако ги добивме групите во Лига Европа. Нашите репрезентативци Ељиф Елмас и Аријан Адеми ќе се судрат меѓусебе во дуелите на Фенербахче и Динамо. Тричковски и Мојсов ќе патуваат во Леверкузен.

Кои беа најдобри стрелци во Серија А, сезона 2000/2001

Кога еден Баџо, Сињори, Тоти, Трезеге или Инѕаги не може да се избори за врвот на табелата на најдобри стрелци во италијанското првенство, тогаш јасно е кои се бомбастични имиња ја краселе Серија А пред 16-17 години. Читаш од горе до доле и едноставно не ти се верува колку е силна конкуренцијава. 

Топ 5 ситуации еден на еден со голман

Карлос Вела, Хернан Креспо, Давид Виља и Роналдо во епизодата дојде да ти докажам дека немаш шанси со мене еден на еден.

Ако не може Инѕаги, тука е Креспо

Еден од најинтересните натпревари следното коло во Серија А се очекува да биде дуелот меѓу Лацио и Фиорентина. 15 години наназад, исто во декември месец оваа средба донесе една бомба на Хернан Креспо, во тоа време еден од најдобрите напаѓачи во Италија.

Акција на Аргентина од учебниците

На видеово Матијас Алмеида има 22 години, Клаудио Лопез 21, Верон и Креспо по 20, а во тим се уште и Кили Конзалес, Ариел Ортега, Хуан Пабло Сорин. Играат Аргентина У23 против Колумбија У23. Верон му дава топка со очи на Лопез, овој одма до Алмеида кои ги понижи во одбрана и го наоѓа Креспо. Завршницата е бомбастична. 

Сонот на Нигерија и олимпиското злато во 1996-та

На Олимписките Игри во Атланта 1996 година Аргентина дојде со Ајала, Занети, Сенсини, Алмеида, Симеоне, Гаљардо, Клаудио Лопез, Креспо, Ортега, Делгадо, Хуго Моралес. Бразил беше уште пострашен со: Дида, Алдаир, Ривалдо, Роберто Карлос, Роналдо, Жунињо, Бебето, Марселињо. Сосема неочекувано на крајот на олимпискиот пехар му се радуваше Нигерија со Нванкво Кану и Селестин Бабајаро.

Мојот бурен 31 август на Олимпико во Рим

Да ми кажеше некој дека Лацио во ист ден, во тоа златно време ќе ги продаде двете најголеми ѕвезди, немаше да му верувам. Но летниот период за трансфери заврши, а навивачите палеа трафики и коли и беа до толку избезумени што почнаа да се тепаат меѓу себе.

Проклетата 9-ка на Челси

Тоа е бројка која обично ја носат најистурените напаѓачи на кои работа им е само да ја боцнат топката во гол. На Стемфорд Бриџ не е така. Од дресот со број 9 бегаат сите како од чума, па дури и дефанзивците.

Расниот стрелец кој стана тренер - Хернан Креспо

Креспо беше еден од ретките кои играле во речиси сите големци на италијанскиот фудбал. Се изнадава голови во дресовите на Парма, Лацио, Интер и Милан и по завршувањето на кариерата реши да го пренесува занаетот на помладите.

Фудбалери што играа и за Милан и за Интер

Од Џузепе Меаца до Марио Балотели, долга е листата на фудбалери што го носеле дресот и на двата милански клуба. Некои преоѓаа директно, а некои доаѓаа од друг клуб и освојуваа трофеи со двете екипи. Од 2001. година, Андреа Пирло е најголемата болка на Масимо Морати, но и на Адриано Галијани. Derby della Madonnina се игра во недела од 20:45.