Таг: хаким олајџувон

Какво ѕвериште беше Хаким Олајџувон

Лик без кој не можеше да се спомне ерата на Мајкл Џордан. Човек кој одбележа едно убаво време во НБА. Два пати стана шампион со Хјустон Рокетс во 1994 и 1995. Два пати беше МВП на финалето и еднаш МВП на регуларниот дел. Дури 12 пати се појави на Ол Стар. Од 1984-та до 2001-ва играше за Рокетс а пред пензијата поигра малку и за Торонто Репторс во сезоната 2001/2002.

Најновиот документарец за Чикаго и Џордан со рекордна гледаност

Во понеделникот на ESPN+ стартуваше првата епизода од долгоочекуваниот серијал „Последниот танц“, посветен на последната сезона на Мајкл Џордан во Чикаго и неговото културолошко влијание.

Дражен Петровиќ vs Хаким Олајџувон, необјасниво

Луѓе, останавме без зборови. Погледне каква балканска финта му продаде легендарниот хрватски кошаркар на славниот центар на Хјустон. Ај еднаш, ама два пати да го сецнеш? Коментаторот со врвен коментар: Новчаникот му го украде.

Празнична НБА и дерби средби за Божиќ

Како и секоја година, така и оваа во најсилната кошаркарска лига на светот, за Божиќ ќе се одиграат неколку дуели меѓу најголемите франшизи. Леброн Џејмс со својот Кливленд ќе игра против Мајами, Лејкерс и Коби против Чикаго, а Сан Антонио и Оклахома во реприза на минатогодишното финале на Истокот.