Таг: хајдук

Деби гол на Трајковски за победа на Хајдук

Маестрален ноемвриски старт за македонските напаѓачи. По Елмас и Миовски, мрежата ја тресе и Александар Трајковски кој со својот прв гол за Хајдук, му носи победа на својот тим против Рудеш од 1:0.

Кога игра Хајдук, во Сплит е празник

Хајдук синоќа го пречека ПАОК во квалификациски меч од Конференциска лига, трето по ранг натпреварување во Европа. Некој да види што приредија навивачите, а да не знае за што играле, ќе мисли ова е финале во Лига на шампиони.

Кварезма од Хајдук

30-то коло во хрватскиот фудбалски шампионат го донесе голот на колото, неделата, месецот и сигурно кандидат за гол на сезоната. Емир Сахити од Хајдук, инаку поранешен играч на Работнички (2015-2018), на мечот против Вараждин постигна лепота од голчиште.

Јак момент од мечот Хајдук - Виљареал

На стадионот Пољуд, на пресметката Хајдук - Виљареал од плејофот во Конференциска лига, имаше убав избор на црвена боја. Секој со својот вкус, се разбира.

Напад со камења и шишиња во автобусот со кој се возеа Адеми и Рики

Не е лесно да си фудбалер на Динамо Загреб кога треба да патуваш во Сплит. Дерби од кое викендов не се броеа голови, бидејќи ги немаше, туку број на уапсени вкупно 89, кои дивееа и гаѓаа во автобусот на гостинските играчи и навивачи.

Рики тргна да се тепа после поразот во дербито, а Јани Атанасов го двоеше

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација тешко го поднесе поразот од големиот ривал Хајдук. Се појави видео на кое се гледа како напаѓа противнички играч после мечот.

Блесок на Јани Атанасов за Хајдук со два еврогола кои долго ќе се раскажуваат

Хајдук и Локомотива Загреб приредија спектакл со 9 погодоци и конечен резултат 6:3, а топ тема во хрватскиот печат е македонскиот талент кој импресионираше со два лудачки голчишта.

Фото на денот

Вардар - Хајдук, Градски стадион, 1985-та. Толку.

Навивачите на Хајдук збеснаа поради срамната елиминација

На Пољуд синоќа имаше трето полувреме после бламажата на Хајдук од анонимусите од Малта во кое учествуваа навивачите и полицијата. Има и двајца повредени.

Колку нерешени, толку музика во Серија А

Откако брои 20 тимови кои земаат по три бодови за победа, во италијанското првенство само Јувентус во сезоната 2011-2012 ја освои титулата со дури 11 нерешени резултати. Рома на Олимпико не знае за победа 105 денови.

Ајакс и Партизан извезуваат најмногу таленти

Последното истражување на Меѓународниот центар за спортски студии од Нојшател, покажува дека клубовите од Амстердам и Белград дале најмногу фудбалери од својата школа по „белиот свет".

Торцида го спаси Хајдук

Прославениот хрватски клуб Хајдук во петокот беше на чекор до стечај, но навивачите успеја да го спасат својот миленик. Под голем притисок од навивачката група „Торцида", градските власти решија да одобрат гаранција за кредит.