Таг: горан попов

Горан Попов на украински

Поранешниот македонски репрезентативец кој играше во Динамо Киев, сними видео порака за поддршка на Украина, љут и гневен што гине невин народ во земјата каде стекнал пријатели.

Некогаш ѕвезда на ВБА, сега ужива во домашен ајвар

Некогашниот лев бек на македонската фудбалска репрезентација направи одлична кариера.Како член на врвната генерација на Беласица со Пандев, Стојков, Балдовалиев и многу други, играше за АЕК Атина, Црвена Звезда, Херенвен, Динамо Киев, ВБА и на крајот кариерата ја заврши во Вардар.

Кафански настап на Попов во чест на Мирсад Јонуз

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација наполни 55 години, а фудбалерот на Вардар, Горан Попов го грабна микрофонот и покажа како се слави роденден. 

Див запад на дербито во Чаир

Некогашното големо дерби Слога (денес Шкупи) - Вардар ниту попладнево не мина без сериозни инциденти. Шверцерите во првиот дел фрлаа предмети на теренот а со стаклено шише бил погоден Горан Попов. По завршувањето на мечот кој Вардар го доби 0-1, десетина хулигани влегле во теренот и ги нападнале гостинските фудбалери Томе Пачовски и Бобан Грнчаров, а најтешко поминал Дамир Којашевиќ кој со боксирач бил удрен во носот.

Попов vs Балотели

Вечерашниот осминафинален дуел од Лигата на шампионите не врати на нивната осминафинална пресметка од Лига Европа каде се сретнаа во сезоната 2010/2011. Динамо Киев отиде понатаму со вкупни 2:1, а Марио Балотели му влезе неспортски на Горан Попов и доби црвен картон.

Попов се посрамоти на Чаир

Вардар губи 2:0 на полувреме против Шкендија во четвртфиналето од Купот на Македонија и има двајца играчи помалку. Горан Попов прво додели лакт, а потоа со топка го удри интернационалниот судија Александар Ставрев.

Попов јавно се извини

Македонскиот интернационалец Горан Попов испрати официјално извинување за инцидентот со плукањето на противнички играч.

Плукачот Попов

Македонскиот интернационалец Горан Попов заработи директен црвен картон за плукање кон противничкиот фудбалер Кајл Вокер. На крајот Вест Бромвич Албион со фудбалер помалку загуби од Тотенхем со 0:1.

Слабата репрезентација му го расипа трансферот на Попов

Малку фалеше Македонија повторно да има фудбалер во Премиер лигата, но преминот на Горан Попов во Стоук Сити пропадна откако тој не доби работна дозвола заради мизерниот пласман на македонската репрезентација на ФИФА ранг листата.