Запознајте го Теџа Паку Алам, голман од првата индонезиска лига кој брани за Персиб Бандунг. Можеби на некој ќе му треба ваков човек кој царува не само во својот шеснаесетник, туку многу повеќе.
Бразилска втора лига, 95-та минута. Гостите запнаа да израмнуваат, ама изгледа не им било јасно дека си имаат работа со октопод. Како ли само го одбрани вториот удар, кој инаку го распали голманот кој се најде во шеснасетник да помогне?
Еквадор и Бразил одиграа натпревар на кој и двајцата голмани беа настинати во паметот. Додуше Бекер не толку, колку Домингез, кој интервенираше како да не му работи мозокот.
Брани за Тајланд, изглегува како Ноер, ама нема ни М од мозокот на Ноер. За две секунди направи две недозволени работи надвор од шеснаесетник. Судијата изгледа слабо барата со правилата. Само жолт му даде.
Уште неотрезнети од сензацијата која ја направија во Лисабон, Србите се пласираа и на Европско во футсал откако ја совладаа Белорусија. Голманот изведе лудорија од гол на гол и го остави коментаторот без текст.
Либан носи фудбалска сцена која подобро да ја избришеа, бидејќи ова што го пренесуваат не е фудбал. Будалетинкава кој е излезен од шеснаесетник и не знае кај тера се вика Муад Елафи и брани за Триполи. Старт за робија.
Перу ја совлада Венецуела со 0:1 на гости во Копа Америка, а голманот реагираше како да е крај на светот што примил гол. Па дури и да се подзагрижи човек на реакцијава.
Фудбалерите на Севиља ремизираа 1:1 на гости кај Ваљадолид во 28. коло од шпанска Ла Лига. Домаќинот имаше победа на пар секунди до крајот кога добивме нов голман-стрелец во Шпанија. Голманот на Севиља Буно постигна убав гол во 90+4' минута.
Навивачите на Арсенал дефинитивно би можеле да волонтираат за некоја клиничка студија за преживеаниот стрес и нервоза. Играчите на овој клуб не само што играат топло-ладно веќе со години, туку сезонава и прават толку апстрактни потези што тоа е за неверување.
Дава гол во стил на најдобрите плејмејкери во 90+5та минута од мечот, па му се случува нешто што ни на крај памет не му падна. Голманот на Вињарос против Пенискола во младинската шпанска лига Примера Регионал.
Во 3. коло од Копа Либертадорес, клубот Жуниор со 1-2 ја победи еквадорска Барселона. Првиот гол на мечот уште во 7' минута го даде Себастијан Виера, голманот на гостите кој ризикуваше евентуално одбиена топка да му отвори контра на празен гол.
Трета фудбалска лига на Полска. Натпревар меѓу Блекитни Старгард и Сувалки. Гостинскиот голман Хиероним Зоч решава на еден слободен удар да излезе во живиот ѕид а негов соиграч ја спасува топката од гол линија.
На мечот Коњаспор - Јени Малатјаспор, 8. коло во турската Супер лига, домашниот голман Серкан Киринтили од апсолутно нејасни причини направи невиден кикс. Свесен за својата глупост, тргна сам кон соблекувалната уште пред да види црвена боја.
Не знаеме кој го излажал голманчево од втората норвешка лига дека треба да брани. Чист промашај му е таа улога, кога го гледаш што може да направи во напад. Абе Жунињо го имате во тим, го запели другиот голман за статива.
Сите мислевме дека Мануел Ноер е синоним за голман со муда кој сака да царува до пола терен. Ама не знаевме дека постои една ваква будалетинка од Египет.
Имаме уште еден голман што заслужува гајба пиво од соиграчите. Тоа е чуварот на голот на Макаби Хаифа кој една шанса, односно три во една акција, вака им ја скроти на фудбалерите на Стразбур во квалификациите од ЛЕ.
Во тие тон квалификациски натпревари од Лига Европа кои се играа синоќа, се издвои една до сега невидена одбрана која мора, ама мора да ја прогласат за број на 1 годината. Ова е епска реакција со нога, мислиш рака му е и тој екстремитет.
Небитно што ова е некоја маалска собиранка, идејата е тотално откачена. Истрча на корнер да им помогне на колегите и потоа најде превоз за да се врати назад со време. Голманска лудост број 1 на планетава.