Таг: гмо полемика

За ГМО работите

Тоа што војната против генетски модификуваните организми е полна со сеење страв, грешки и измами, нема никако да помогне овие производи да станат побезбедни, пишува Вилијам Салетан за Слејт, кој речиси цела мината година ја троши на пребарување на доказите, за и против.

Анти ГМО, вторпат

Истражувања во врска со ГМО има многу, за штетноста врз човекот, штетноста врз живиот свет и тн. Сите "научници", кои ги оспоруваат резултатите се на платниот список на големите корпорации како Монсанто.

Баба Рогата на модерното време

Ако земеме да пребаруваме (во суштина да гугламе) на интернет 99 од 100 линкови ќе ни кажат дека јадењето на ГМО храна е исто терањето секс со 5 проститутки собрани од пред Нигериската државна телевизија без кондом. И од тие линкови многу малку се било какви статии, најчесто пишани од нестручни лица, а најголем дел се форуми каде што загрижени луѓе кои што некритично прифаќаат се што ќе прочичтаат на интернет дебатираат дека ГМО храната е Баба Рога од која нема спас ако ја пуштиш да ти влезе по дома.

Анти "Aнти ГМО" писма на читатели

За анти-ГМО манијата, и анти науката
Интернетот е болен. Го зафати епидемија на псеудо наука. Анти ГМО, анти вакцини, анти нуклеарки, денација на глобално затоплување, анти наука. Патернот на ваквите е секогаш ист. Немаат појма од темите кои ги истражуваат и мислат дека не е потребно да ги знаат својствата на некој биолошки или физички систем за кој се заинтересирале. Концептуално не им е позната науката, научните факти за нив се мислења кои можат да ги одберат врз основ на тоа дали им се свиѓаат.

Анти ГМО писма на читатели

ГМО е најголемата закана по човештвото, и мора да реагираме сега, пред првите семиња да фатат корен во нашата плодна земја. Се работи за нас, за секој од нас, за секој член од твојата фамилија, а имам впечаток дека никој не е свесен дека проблемов воопшто постои. Опозицијата протестира за 3 исечени стебла, а народот гледа индиски серии, додека полека но сигурно на масата му се сервира ГМО.