Таг: глувонеми

Најтрогателна дружба во Бразил со слепоглув навивач

Карлос Жуниор навива за Бразил со цело срце. Тој ги гледа натпреварите на „кариоките“ со помош на своите другари. На дуелот со Костарика еден од другарите го држи Жуниор за раце и на мини-теренче му ги покажува комбинациите на Бразил кога Кутињо даде гол а другиот му дава тапанче да прослави.

Како да преведеш музика на јазикот на глувонемите?

Во 1990 американскиот Конгрес носи закон (Americans With Dissabilities Act), според кој на големите концерти треба да има толкувач за глувонемите лица. Но дури и професионалните дефектолози до тогаш се немале соочено со ваква задача - да пренесеш не само значење на одреден збор, туку на идеи кои се органски поврзани со звуци. Една од толкувачките одлучила да стане покреативна.