Таг: гладијаторс фирм 96

Документарците за руските хулигани

Минатата недела БиБиСи го емитуваше долгоочекуваниот документарец за организираните руски хулигани кој на Европското првенство во Франција минатата година дојдоа, направија хаос и заминаа. Јавноста не знае што да очекува за време на Мундијалот 2018-та во Русија, па новинарите на британскиот канал помуабетиле со руските хулигани на таа и на други теми. Слично нешто снимаше и Vice.

Ја сакаме својата земја, горди сме на неа и ќе ја браниме

Британските таблоиди за главен виновник за нередите во Марсеј го означија 37-годишниот татко на четири деца од Москва. Василиј Степанов знае за тоа, но Европското го гледа од предградие на Москва од каде раскажа што мисли за инцидентите.