Таг: гибралтар

Гибралтар исто како да не играле

87% посед на топка, 51:0 во шутеви, 12:0 во рамки на гол, 19:0 во корнери. Просто е чудно што Холанѓаните и дале само 3 гола на најмалата фудбалска земја во светот со 30.000 жители. Ние лани им дадовме четири уште во првите 30 минути.

Македонија рутински ги реши аматерите од Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација уште во прво полувреме го затвори најлесниот меч во групната фаза од Лига на нации. Конечниот резултат е 4:0, односно убедливата предност која ја стекнаа уште по првите половина час игра. Милевски им даде шанса на четворица дебитанти.

Во 19 век на Гибралтар преживеаните од жолта треска користеле „пасоши“ за да го докажат својот имунитет

Реакцијата на епидемијата на „жолта треска“ на Пиринејскиот полуостров од 19 век е многу слична на она што се случува денес. Што не е баш комплимент за тоа колку напреднале методите за справување со заразните болести. 

Приказна за фудбалот на Гибралтар: Имаат клуб кој чудесно влезе во Лига на Конференции

Фудбалско сценарио за филм ни дојде од една ептен симпатична прекуморска територија околу која со векови се тегнат Британија и Шпанија. Има 29 и кусур илјади жители и фудбалот го играат со срце.

ЕУ почна да ги 'рчка Британците во најмилата карпа

Доколку брегзит сапуницата заврши без договор, ЕУ ќе застане зад Шпанија во однос на еден спор што земјата го има со Британија околу Гибралтар. ЕУ не се заканува, само кажува.

Германија vs Гибралтар во 2018-та

Испаднаа од Светско уште во групна фаза. Испаднаа во Лига на Нации уште во групна фаза. Нема да бидат во прв шешир на ждребот за ЕП 2020 и годинава имаат 6 порази. Со оглед на најлошата година во историјата на германската репрезентација следува ваков тип на спрдња кој за трагедијата да биде поголема е жива вистина.

Статистиката од Македонија - Гибралтар е живи комедии

Столе Димитриевски синоќа можеше комотно да се смести и да пополни место на празните трибините, бидејќи Македонија си имаше работа со тотален фудбалски аутсајдер против кој 90 минути играше викторија. Добро им досудија еден офсајд, значи поминале половина.

Македонија победи и обезбеди домашно полуфинале во плејофот од Лига на нации

Македонската фудбалска репрезентација успешно ја заврши групната фаза од Лига на нации, откако вечерва го совлада Гибралтар 4-0 во Скопје и спремно ги чека противниците во плејофот.

Мајсторијата на Барди

Дваесет и седум минути им требаа на македонските фудбалери да го скршат отпорот на тоталниот аутсајдер Гибралтар. Резултатот го отвори 23-годишниот фудбалер на Леванте, Енес Барди со прекрасен гол.

Гибралтар има повеќе бодови од Германија, Англија и Хрватска

Селекцијата која се радува на победа како да ја освоила Светско, успеа да стигне и до втората победа во својата историја на официјални натпревари и тоа втора по ред, а Светскиот првак од пред 4 години не може да победи. Што ти е фудбал.

Ѝ благодариме на земјата која испиша историја и ни го олесни патот до ЕП 2020

Додека во саботата вечер нашите репрезентативци се загреваа за да го потопат Лихтенштајн, во Ерменија се случи најсензационалниот резултат во Лигата на нации. Победи земјата која има жители колку што собира Филип Втори.

Гибралтар нема што да бара со Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со победа ја стартуваше Лигата на нации преку која ќе брка историски пласман на ЕП 2020. Помалку од триумф не ни очекувавме, освен можеби повеќе голови. Ги решивме уште во прво полувреме.

Историски триумф на земјата која има помалку жители од што собира Филип Втори

Најмалата фудбалска нација призната од УЕФА е во транс откако успеа да слави победа по пауза од четири години. Коефициентот во кладилница беше боли глава. Со 100че лапаш 2.100.

Македонија ги дозна противниците во Лига на Нации, Михтарјан во Скопје

Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.

Бламажа на Македонија У21 во Гибралтар

Само што почнавме да дрдориме како фудбалот ни има светла перспектива, младите фудбалери до 21 година во квалификациите за Европско првенство загубија од Гибралтар со 1:0. Оваа мала земја за првпат игра во квалификации и ова ѝ е историска победа. Нашите сега имаат учинок од 1 победа и 2 порази и тешко ќе се пласираат на Европското.

Кој е тимот од Гибралтар што го сруши Селтик?

Тимот од Глазгов проценет на 50 милиони евра синоќа со 1:0 загуби од дечки собрани „од маало“ меѓу кои има келнери, полицајци, мајстори, ѕидари, риболовци.

Македонија го повтори аматерскиот потег на Африканците

Во период кога предвреме се простивме од уште еден квалификациски циклус за големите натпреварувања и тотално загубивме надеж дека некогаш ќе пркне македонската фудбалска репрезентација, пукна нов срам за македонскиот фудбал кој е хит и на странските медиуми.

Манчестер Јунајтед против Манчестер Јунајтед

„Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Јунајтед со 5:0 во Лига Европа." Постојат шанси ваков наслов да напишеме летово.