Таг: фудбалска глума

Срамна глума во Премиер лига, навивачи бараат црвен картон

Брентфорд синоќа имаше водство од 2:0 против Тотенхем, но гостите за само 6 минути стигнаа до израмнување. Во обид да изнуди пенал за победа, Камерунецот Брајан Мбемо се фрли и се обиде да ги излаже сите судии. Навивачите парче го прават во коментари.

Знаеш дека си снимен со камера, така?

Месец на фудбалски глумци, ама врвни кои веќе од смешни почнуваат да стануваат и банални. Ова е трета по ред од ваков ранг, а ја режира Џасер Кмири од Тунис кој настапува за Сан Антонио во втората американска лига. Мора да има казни за вакви трагикомичари.

Дај одземете му ги копачките и стајте го хонорарец во театар за аматери

Малезија држи чудно човече кое дефинитивно според однесувањево нема профил на фудбалер. Каков банален лик. После глупирањето со публика, фати да глуми роловано гиро.

“Повреден“ измамник на сезоната

Доста се жалите од Нејмар и гледајте како глумат во една друга Лига на шампиони, онаа во Конкакаф. Клуб Америка од Мексико има 0:1 против Портланд и се игра 88-ма минута. Погледнете го бескичмењаков како се обиде да задржува време.

Кој пукаше во Леао?

Прв пораз на Милан сезонава кој без неколку првотимци беше немоќен против шампионот на Италија. Немоќта беше видлива и кај Леао кој се обиде да изглуми пенал. Бернандески му го почеша грбот, а овој се струполи како на Кантер Страјк. 

Добро бе кој ве учи вака да паѓате?

Ќе речеш Шведска е, нема шанси таму вакви срамои да има, тоа во Италија само. Ма како само во Италија, крај не може да им се најде на пацериве низ цел свет. Паѓаат без никаков контакт и тоа умешно и потоа добиваат пенали. И тоа се работи за играч од прволигашот Дјургарден.

Меѓудругото зошто ни фали фудбал

Од коло во коло, од викенд во викенд имаше сè и сешто по фудбалските игралишта ширум светот. Буквално секој втор ден некоја нова будалија. Како оваа.

Со ваква глума не ти треба ни приемен, ни аудиција, ни испит

Во Украинската лига падна најсмешниот жолт картон сезонава. Ворксла на гости изгуби со 3-0 од Мариупол, а во 76’ минута од мечот Ибрахим Кане од Ворксла ни крив ни должен си „попи“ жолта карта.

Индиска фудбалска патетика

Коментаторот е 1000% во право и целосно го поддржуваме. Ова е апсолутно патетично и лош пример за помладите, бидејќи ова не е фудбалот што треба да го гледаме. Мизерниот потег ни доаѓа од Индија.

Глупчо на денот

Се мислевме дали да пишеме глума на денот, ама сепак прво мора да се потенцира дека е глупчо, бидејќи откако падна на земја НАМЕРНО, не сме сигурни дали стварно глуми кога се држи за глава или од ударот му е. Како и да ја вртиме сепак е глупчо.

Кој те учел вака бе цреп?

Жоао Кансело изгледа е скаран со фер плејот. Погледне го ова бесрамно однесување синоќа во Лига купот против Оксфорд. Прво почнува да се закача, а потоа глуми жртва без никој да го пипне.

И сега кај кого ќе оди оскарот?

Мислевме дека сме ги виделе и објавиле сите можни глумци кои се лигават на терен само ако ги допреш, а и да не ги допреш, ама чекај ова да видите вие. Тука имаш двајца торковци, иста школа.

Ич не изглуми, муабет му вадат

Се сеќавате ли на Габриел Барбоса, познат како Габигол? Дечкото од што се покажа во Интер ене го сега во Фламенго на трета позајмица во трета сезона после Бенфика и Сантос. На 22 години да се глупираш вака срамота е. На Копакабана ќе завршиш.

Најочајната глума во Англија сезонава е дело на Македонец

Во земјата каде што се игра и се бара да се игра борбен фудбал со многу жар, ова не проаѓа, ама воопшто не проаѓа, а го направи македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Од судијата доби заслужен жолт картон, а на социјалните мрежи пепел го направија од негативни коментари.

Добро ќе престанете да глумите фаули?

Таман ќе помислиш дека ќе научат од туѓите грешки и конечно ќе им дојде памет, тие се копираат едни со други. Со ново театрално паѓање се селиме во Полска или поточно во екипата на Гурник Забже. Судијата имаше очи и му извади картон.

Каде оди фудбалот со вакви пациенти?

Таман ќе ја објавиме глумата на денот, колото или месецот, па ќе дојде друга, па трета и без разлика што секој им го гледа срамот, тие не само што не се поправаат, туку се натпреваруваат кој ќе излезе поголем плачко односно лажго. Последната епизода е на голманот на Макаби Тел Авив, Предраг Рајковиќ. Срамота.

Заборавете на Нејмар, во Бразил има еден што глуми за Холивуд

Главниот симулант во бразилскиот фудбал - Дејверсон од Палмеирас и официјално ја зема наградата „најдобар глумец“ меѓу фудбалерите од Нејмар.

Англиска школа за глума

Веќе е клише муабетот дека глумат само Италијаните. Го видовте ли вчера што направи дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер? Па треба да те бива за да знаеш да паднеш вака кога ќе те допре возхудот.

Голман симулираше фаул од судијата

Јохан Падила од Еквадор го направи најсрамниот и најбедниот потег, незапамтен во фудбалот. Ги следиме ние често пати кандидатите за оскар, ама е мизерија број 1. Прво задржуваше време за што доби жолт, а потоа се струполи на земја, мислиш судијата му го исчашил рамото.

Колкави биле казните за глума порано?

Во славната генерација на Борусија Дортмунд во 1995-та играше и Андреас Милер кој за оваа глума што ќе ја видите на видеото беше казнет: 2 лигашки меча, 10.000 германски марки и на определено време тргнат од репрезентацијата.

Де Роси се изглупира, па се извини

Капитенот на Рома е почитуван во Италија поради многу гестови, но она што го направи минатиот викенд во голема мера му ја расипува репутацијата храбар борец. Се посрамоти.

Логиката на еден глупак

Знае да биде досадно до коска, ама задржување на времето додека резултатот е во твоја корист е така редовна појава. Време задржуваат и голмани и тренери и деца задолжени за топки. Ама ретко кој како Лукао, играчот на бразилскиот клуб Крисиума кој ги изнервира и судии и противници и навивачи.

Манчестер Сити да си го воспитате малиов

Имаме ново убиство во фудбалот. Овој пат жртва е 19 годишниот Ангел Хехера од Венецуела, член на Манчестер Сити пратен на позајмица во Њујорк Сити. Само Оливер Кан, Стам и Гатузо за таквите како вас.

Кој пукаше во фудбалеров?

Дечки не се расправајте само за тоа дали повеќе глумеле во Барса или Реал, видете го вие момаков по име Лукас Фонсека кој игра во Бразил. Актериште за сите пари кој доби страшен удар од воздухот. Дал да го земеме во Драмски или во МНТ? Кој знае колку го боли.