Таг: фудбал со точаци

Нас со нозе не нè бива за фудбал, не па за ова

На англиски се вика Cycle ball, на германски Рadball, а на Руски Велобол. Популарен е во Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Јапонија, Русија и Швајцарија. Се игра два на два без голмани, а многу е тешко да се одбрани удар од прекин. Предното тркало ја има функцијата на нозете во фудбал.

Cycleball на јапонски начин

Комбинацијата на точак и топка го дава името на овој спорт кој постои над 100 години. Изумот е на Германецот Николас Едвард Кауфман во далечната 1893 година, а на видеото можете да ги погледнете мајсториите на Јапонците од финалето на Светското првенство во 2010 година.