Таг: фк осогово

Филмска измама во мак фудбалот веројатно незабележана на друго место на планетава

Газета дело Спорт, Скајспорт, БиБиСи, Марка и сè што е друго познато во светски рамки како медиум кој се занимава со спорт, нека повели насловна страна за денес. Во историја немаат напишано ваква вест.

Излезе химната на Бетон Суперлига

Паралелно со Суперлигата, се крчка нешто јако, кое стана и официјално. Пет балкански екипи и го зададоа првиот удар на елитната Суперлига и создадоа своја, Бетон Суперлига. Таму нема да има пари, туку прав фудбал кој се состои од дружење, поврзување, забава, хуманитарна работа...

Познати се новите учесници во ЛШ, сезона 2021/2022

12 елитни клубови од Европа ја создадоа Суперлигата и направија земјотрес во фудбалот, а планот е да учествуваат вкупно 20 клубови. На УЕФА и се стемни, но затоа Кочани е во транс.

Го знаете ли вие клубот по име ФК Слободен?

Јак муабет падна на Твитер, прејак, а темата е името на клубот на кој внимавајте и вие да не клизнете.

Моќна промоција на новите дресови на Осогово

Фактот дека играат во втора лига, во Македонија, никако не ги спречува да скоцкаат видео како Манчестер Сити на пример. Студио, позадина, камера, фотоапарат, позирање и јака музика. Знаат кочанчани како се прави промоција на ниво и на нов дрес, ама и на клуб.

Тамам решивме компир да садиме, стигна одлука за фудбал

Од Осогово пак го насмеаа цел регион, откако ја збунија јавноста во земјава со објавени фотографии на кои се гледа како го преорале теренот.

Челинџ на денот

Не ви треба тоалетна без гајле, ниту пак ве тера некој да трчате за да ја фатите. Показалецот на маус и кликајте на пауза. Толку.

Осогово се цареви и без фудбал

Имало, немало фудбал, за дечките од Кочани зборот креативност не умира. Ај што се стално во форма на спортски план, туку знаат во свој стил да твитнат и за кризава.

Осогово ги викнал Вардар и Работнички, Саса им се лути

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одржи 14-то издание на меморијалниот турнир „Драганица Куп“ кој се организира во чест на Драган Михајлов. Годинава ќе играат млади категории, играчи до 16 години а поканети се скопските Вардар и Работнички како и струмичка Беласица. Покана не добила Саса од Македонска Каменица па се налутиле.

Нов јак твит од Македонска Каменица

Пред почетокот на пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (29.02), Саса и Осогово договориле пријателска средба за недела од 13:30 во Македонска Каменица. Домаќините сега ги прозиваат гостите за тоа што убедливо ги совладаа на 20-ти откомври лани со 2-5 среде Кочани во првенство.

Овие па кои цареви се

После три мрачни денови за кошаркарската светска јавност и општо за сите кои тагуваат за Коби, време е малку за поведри теми. За кого? Ако не ти е денот оди на Твитерот кај ФК Осогово, па кај може друг да се насмее вака човек.

Ибрахимовиќ би можел да заигра во Кочани

На денот кога Ибрахимовиќ се одјави од американската МЛС лига, многумина се прашуваат каде ќе продолжи. Има наслови дека го бараат Милан, Фиорентина, Болоња како и некои шпански клубови, а Ибра би можел и во Македонија.

Казните на Челси vs оние на ФК Осогово

Откако излезе ценовникот или казненикот за фудбалерите на Челси потпишан во август годинава од Френк Лампард, клубот од Кочани му удри контра на премиерлигашот во свој стил. Френки дај олабави малку и ако ништо друго бар научи ги играчите како се постапува тимски кога некој ќе фати на спортска.

Епа админе, овие твоиве на терен не се како тебе

Додека социјалните мрежи на ФК Осогово растураат, оние кои треба најмногу да запнат на теренот, не знаат што е тоа освоен бод. Па така и админот им се намести на пенал на противниците.

Македонско второлигашко пецкање

ФК Осогово денеска во 15 часот му гостува на ФК Кит-Го Пехчево. По 3 изминати кола Осогово има 0 бодови, а Пехчево 2. Битката веќе е почната на Твитер, а се знае кои се протагонисти.

Ал Џезеира на гости кај инспиративниот ФК Осогово

Славната кочанска фудбалска приказна која од третолигашка, оваа сезона ја има еден ранг погоре, се разви најмногу со помош на нивниот модерен начин на работа на социјалните мрежи, особено на Твитер. Да го ѕирнеме нивниот амбиент од лице место.

Како некогаш изгледало дербито на Истокот: Осогово - Брегалница

По рекордниот триумф во Купот на Македонија од 22:0 против Црнилиште од Прилеп, штипска Брегалница, лидерот во втората македонска лига ќе го пречека Осогово во дербито на Истокот во недела од 19. Овој натпревар веќе неколку децении се игра пред полни трибини, без разлика кој на кое место е на табелата и во каква состојба е.

Фасцинантни бројки од едногодишното маркетиншко работење на ФК Осогово

Само пет дена откако пишавме дека се најмодерен македонски клуб во однос на тоа како се работи на интернет, само уште еднаш ни ја потврдија перцепција за нив. Друг клуб не ни излегува со вакви податоци за сопствената промоција.

Уште со ориз не сме се нагостиле во Офф.нет

Ние им направивме статија каква што заслужуваат, тие нас ни се заблагодаруваат со кочански ориз. Да знаат само што гурмани работат на овој сајт, ќе сфатат колку сме радосни за вниманието. Продолжете само така дечки и чувајте ни ги сезонските, ќе ви навратиме кога ќе не носи патот.

Најсимпатичниот и најмодерен клуб во Македонија е ФК Осогово

Го следи Лион на Твитер, Рома пак твиташе за нив и ги прогласи за тим на денот, а кога Мурињо го отпуштија од Манчестер му се понудија да ги преземе. Кога читате за овој клуб на нивните социјални мрежи, немате чувство дека ова е македонска екипа.