Таг: фалкао

Има Рони да ви каже нешто за мал фудбал

Во периодот на самоизолација, меѓу себе на Инстаграм разговараа двајца генијалци, двајца страшни техничари - Роналдо и Фалкао (футсал). Зборат за полезноста од мал фудбал а Рони кажува дека играњето на мал простор во сала многу му помогнало во кариерата.

Не се прави тоа така, дојди чичо да ти покаже

Младичов со број 10 со Фалкао најде да сади краставици, ама му излегоа криви и потоа погледнете што го снајде.

Една од најврвните лудории на Фалкао во футсал

Докторот за мал фудбал синоќа наполни 43 години, така што мора да му го одбележиме макар и со доцнење. Па не е нормално што сè им правеше со топка, а со нормала се коси и овој слободен удар.

Понижување во сала со Фалкао

Добро како да му одиграш еден на еден и да му ја одбраниш, кога ти прави финта која на репетиција не се сфаќа од прва, а не па да си му карши карши.

Креативност на денот на една будала по име Фалкао

Фалкао и Рикардињо се асоцијација за футсал. Првиот е пензиониран, ама тоа не значи дека не оди повеќе по сали. Го гледаш видеово и ти е непријатно за овие од жив ѕид. После голов требаше да напуштат. Реално.

Фалкао го маскираа во бездомник и дојде на фудбал

На еден хуманитарен меч, најдобриот футсал играч на сите времиња Бразилецот Фалкао стоеше од страна како прав скитник и бездомник и бараше од тренерот да го пушти да поигра. Кога овој се смилува, Фалкао правеше чуда со топката.

Да му симнеме капа на човеков

Простувањето од националниот дрес очекуваше дека ќе му се случи на друг начин, ама и ова не е лошо. Бразил изненадувачки загуби од Иран на пенали во осминафиналето на Светското првенство во Футсал, а гостинските играчи го испратија најдобриот футсал играч на сите времиња во репрезентативна пензија како Бог.

Фалкао од две мајки

Секогаш кога ќе помислите дека веќе нема што ново да се види од футсал мајсторот, грешите.

Фалкао дава само убави голови

Еден од најдобрите футсал играчи, Бразилецот Фалкао направи нова магија, овојпат на мечот Бразил - Замбија.

Како да го опишеме голов на Фалкао?

37 годишниот Бразилец без сомнение е најдобриот футсал играч на сите времиња. На својот инстаграм профил ja постираше неговата последна мајсторија, до сега не видена со топка.

Неуспешната фудбалска авантура на Фалкао

Кога ќе го прочитате ова име, мислите дека е колумбискиот напаѓач кој го предводи нападот на Монако. Но всушност се поклопува со двократниот светски првак во футсал. И покрај тоа што овој мајстор е роден со топката, со неа царува само во сала.