Таг: енис барди

Каков еврогол ќе беше ова на Барди

Енис Барди не е оној истиот од минатата сезона во која постигна 9 голови, кој од кој поубав. За сега е само на бројка од еден на 17 настапи во Ла Лига. Синоќа Леванте загуби 1:0 од Леганес, а најзрелата и најубавата шанса ја имаше токму нашиот репрезентативец. Погледнете го ова, дриблинг ала Зидан и потоа мислиш ја скрши стативата. Штета.

Каде и како играат македонските фудбалери по странство

Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....

Енис Барди направи пенал против Реал кој доби и втор непостоечки пенал

По играње со рака на нашиот репрезентативец, Реал Мадрид поведе од пенал со 0-1, домаќините потоа израмнија на 1-1 а до крајот клубот од престолнината доби непостоечки пенал за победа.

Жорди Алба где је лопта?

Барселона синоќа беше немилосрдна против Леванте на гости и го прегази со 0:5, ама и Енис Барди беше немилосрден со еден од најдобрите бекови во светот. Како само фино го измрда.

Барди е втор најдобар стрелец од слободни во Европа, Меси е неприкосновен

Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.

Сите го величаат Енис Барди

Убаво е кога Македонија победува, убаво е и кога тоа го прават фудбалери кои се веќе добро познати во меѓународни рамки, а уште поубаво кога играчите ни ги фалат разни влијателни медиуми од повеќе држави. Колку само си ја крева цената снајперистот на Македонија.

Лихтенштајн се запозна со мајсторот за слободни удари

Пукна бункерот на Лихтенштајн, а го разби од слободен удар кој друг ако не, човекој од стравуваат сите голмани во Шпанија. Прв гол на Енис Барди во Лига на Нации, многу важен за Македонија која поведе во 53 минута од средбата.

На „ФИФА 19“ бирајте го Барди

Енис Барди не е било кој играч од шпанското првенство, туку ѕвезда споредувана со Меси во однос на способноста за проектили од слободен удар. Дечково игра „ФИФА 19“ со Ливерпул и во тим го става македонскиот репрезентативец. Како помина? Па збрца “само“ 5 комада, кој од кој поубави.

Енис Барди го вклучи снајперот и го реши Хетафе

На стартните шест кола во новата сезона го немаше, ама затоа денеска на гостување влезе во второ полувреме, го намести нишанот и испука проектил во агол кој не го фаќаат 10 Буфоновци. Хетафе - Леванте конечни 0:1, благодарение лудиот слободен удар на македонскиот репрезентативец.

Енис Барди ги шие сите по вредност во Леванте

Македонскиот репрезентативец минатата сезона не беше само едно просечно засилување во Леванте, туку златно дете со снајперски способности од слободен удар, стрелец на 9 гола и играч кој сега најмногу вреди во клубот.

Топ 10 слободни удари во Шпанија: 1. Меси 2. Барди

Кој би рекол дека еден ден ќе има македонски репрезентативец во тесна листа на најатрактивни 10 голови од слободен удар во една од најквалитетните лиги во светот, Ла Лига. И тоа пазете не еден, туку два гола избрале од него и уште три од Меси. За Енис Барди се резервирани седма и втора позиција.

Првата петарда на Барса во ерата на Меси e потпишана од Барди и компанија

Можеби звучи неверојатно, ама вистината е таа. Откако Барселона во својот состав го има Лионел Меси, а тоа е од 2004-та година, прв пат се соочува со ваков дебакл од 5 примени гола.

Барди се сретна со првиот тренер од Чаир

Најдобриот македонски интернационалец сезонава, Енис Барди ги полни насловните страни по европските медиуми откако со два прекрасни гола „ја упропасти“ Барселона синоќа (5:4). Пред почетокот на денешниот тренинг на Леванте, Енис се сретнал со Бедри Салиу, неговиот прв тренер во Шкупи кога почнувал со фудбал.

Барселона налета на Барди и за прв пат сезонава прими два гола од ист играч

Енис Барди стана македонска гордост во шпанското првенство и влезе во статистики во друштво на еден Меси. Кој би рекол дека уште во првата сезона во Ла Лига, вака ќе стартува наше дете кое има само 22 години.

Енис Барди се надмина себе си, експлодираше против Барселона со два гола

Шампионот на Шпанија го забележаа првиот пораз сезонава дури во претпоследното коло. Замина на гости кај Леванте без Меси и им се случи потоп во голеада со конечни 5:4. Македонскиот репрезентативец одигра фантастичен натпревар и успеа да ја тресне Барса два пати за 10 минути.

Царот што фатил пари на кладба Барди дава од слободен

Паметно. Човекот намирисал дека Енис сезонава шутира слободни удари подобро од најголемите ѕверки во шпанска Примера и решил да праша за коефицент. На 11 квота уплатил 50 евра на два тикета и ене го на каса чека 550 евра. Така се игра. Алал вера мајсторе.

Македонецот кој даде најмногу голови од слободен досега во Европа

Нема ден некој шпански спортски медиум да не напише збор-два за едно од најголемите откровенија во Ла Лига сезонава - младиот Енис Барди за кој бековите избегнуваат да прават фаул близу шеснаесетникот. Сега на ред дојде шпански Goal.es.

Нова мајсторија на Барди за Леванте

Македонскиот репрезентативец игра сјајна сезона а доказ за тоа е и новиот гол за Леванте во ремито со Еибар на гости 2-2. Ова е четврти гол за Барди во Примера.

Енис Барди во топ 5 млади ѕвезди на Ла Лига

Леванте има два порази по ред во шпанското фудбалско првенство, но и покрај тоа медиумите од уста не го вадат Барди. Со 3 гола од кои 2 мајсторски од слободен удар тој е најдобар стрелец во Ла Лига меѓу играчите од среден ред. Изборот е на Скај Спортс.

Како Барди го вежбал шутот во балон

Снајперските удари на Енис Барди кој стана хит во Шпанија не се само дарба. На јутјуб се појави видео на кое се гледа како македонскиот репрезентативец тренирал слободни удари на мали голчиња. Ете што значи напорна работа. За сега во дресот на Леванте има постигнато вкупно 5.

Додека Барди се местеше, навивачите го скандираа неговото име

Кога Леванте добива слободен удар, навивачите ги местат телефоните за снимање. По само пет минати кола во Ла Лига, Барди дочека публиката на Сиутат де Валенсија да грми како хор извикувајќи го неговото име. Неговата мајсторија од два навивачки агли.

Новиот Дејвид Бекам игра во Леванте и е снајперист со милиметарска прецизност

Шпанските медиуми не штедат зборови за нашата гордост Енис Барди и пред и по синоќешниот дуел со Реал Сосиедад, а ние не паметиме ваков старт на македонски фудбалер во некоја од најсилните европски лиги. Само Ѕаѕа, Гомез и Меси имаат повеќе голови од него во Ла Лига.

Браво Барди мајсторе, ти треба да ги изведуваш слободните

На голманите во Шпанија веќе е и нормално да им се тресат нозете кога играат против Леванте, а на слободен удар се мести Енис Барди. Гол број 3 за македонскиот репрезентативец во Ла Лига и вкупно петти од слободен со се пријателските. Еден од колегите не сакаше да му дозволи да шутира. Чуму? Па најдобар е во тоа.

Енис Барди ја тресна и Валенсија

Македонскиот репрезентативец не е опасен само од слободни удари, а тоа го покажа на денешниот натпревар од 4. коло во Ла Лига. Откако фудбалерите на Валенсија поведоа по половина час игра, на четири минути до паузата Барди одлично се снајде во шеснаесетник и на мајсторски начин го матираше Нето за 1:1.