Таг: еден азар

Јазично и етничко шаренило на Белгија, еден од фаворитите за титула европски шампион

Во групата Б на Европско првенство, Белгија ќе игра против Данска, Русија и Финска. Белгијците имаат многу шарен етнички состав но кај нив тоа е сосема вообичаен секојдневен дел од општеството.

Азар се изнасмеа, навивачите на Реал бесни

Во 2019-та дојде во Реал Мадрид и таму го потепаа повреди. Пропушти повеќе од 50 натпревари поради 10 повреди (389 дена беше надвор од терените). Одигра само 40 меча во сите турнири, даде само 7 гола и намести 4. А Реал го плати 100 милиони евра плус бонуси со кои може да стигне до 140 милиони евра.

Како сонот на Азар се претвори во кошмар

100 милиони евра го платија и се води како второ најскапо засилување на Реал после Бејл кој ги чинеше 1 милион повеќе. 400.000 фунти неделно му е плата, а го пречекаа 50.000 навивачи. Но на контото на Азар оваа и минатата сезона до сега има вкупно 25 настапи и 3 гола. Глава не крена од повреди.

Малер на сезоната: Азар пропуштил 43 меча поради 9 повреди и отсутен бил 283 дена

Изјавата на Самуел Ето во која му порачува на господинот Еден Азар дека ако не тренира, после 2 години ќе го заборавиме сите, полека добива на тежина.

18 годишниот Азар vs 5 играчи на Џенова

22 октомври 2009-та, Лил против Џенова го Лига Европа. Домаќините на 2:0 во 74-та во игра го ставаат младиот Еден Азар. 10 минути подоцна ја прима на своја половина, тргнува со прва, потоа втора, трета, четврта и толку од акцијата.

Незапирливиот Азар од времето во Лил

Доволно е да му го погледнете само првиот соло продор за да сфатите каква играчина бил уште како помлад. Шанса во првиот тим на Лил добил на 16 години, а потоа Руди Гарсија му обезбедил стандардно место. Во првите пет сезони од кариерата до својата 21 годишна возраст постигнал 50 гола, а потоа Челси во 2012-та го купува за 32 милиони фунти. Ѕвер.

Азар како шило

Еден од најјаките соло голови, Еден го постигна лани против Вест Хем. Ко Жути Миркуловски им се проби.

Дончиќ и Азар си разменија дресови, влета и Бобан

Реал Мадрид плати над 120 милиони евра од Челси да го донесе Еден Азар, ама овој трансфер по сè изгледа е најголемо промашување на сезоната. Белгиецот не врза 2 натпревари во Реал, повреден е буквално нон-стоп. Сега за последната повреда отишол да го оперира зглобот во Америка, а таму се сретнал со најголемиот хит во НБА, Словенецот Лука Дончиќ. Си размениле и дресови, а разликата во висина е очигледна.

Разгаленото дете кое го намести Азар да добие црвен картон, денес е милионер

Вечерта на 23 јануари 2013-та, пред седум години, во вториот меч од полуфиналето на англискиот Лига Куп меѓу Свонси и Челси, се случи еден инцидент за кој зборуваше цела фудбалска Европа.

Штета што не му го признаа ова на Азар

Офсајд е, се гледа, тоа се потврди и со ВАР, ама без разлика на тоа мора да видите што му одигра еден на еден Белгиецот на фудбалерот на Бетис. Го изеде.

Гаф на денот

Фудбалерите на Реал Мадрид се појавија на медицински прегледи, а познатиот шпански вениск „АС“ направи несфатлив кикс со фотките од играчите. Главата на Еден Азар ја намонтирале на телото на Бензема, а во фотошоп му ставиле и тетоважа на раката.

Акцијата со која Челси потврди дека игра прекрасен фудбал

Сините го носат во клупскиот музеј на „Стемфорд Бриџ“ и вториот пехар од Лига Европа, освоен во Баку со моќни 4:1 против Арсенал. Играше Челси убав фудбал за око сите 90 и кусур минути.

Еден Азар - играч број 1 на сезоната во секој поглед

Ако некој играч во денешницава е најадекватно да го ставиме во ист кош со Роналдо и Меси, тоа дефинитивно е Азар. Човекот без кој Челси немаше да биде истиот изминативе 7 години и човекот кој сигурно многу ќе им фали на Стемфорд Бриџ.

Азар им ја сокри топката на Чесите

Една од најтешките и најненаблагодарни задачи во фудбалот во денешно време е да го чуваш Азар. Нема дечково кога ќе тргне мозок ќе ти испие. Ама ќе го удвоиме. Абе какво удвојување, џабе ќе се потите со него.

Што играч ќе беше овој Азар

Ако некој има Меси во себе во денешно време, тоа дефинитивно е Еден Азар. Погледнете го како им влезе со брзина и самодоверба. Тргна и не му беше гајле колку луѓе има пред него. Ги изора како бавча. Челси - Вест Хем 2:0, двоен стрелец Азар.

Дами и господа, Еден Азар

Селекцијата на Белгија славеше 3:1 против Русија во квалификациската група И. Двоен стрелец на мечот беше Еден Азар кој направи чудесен летечки потег за кој сите денеска зборуваат.

Една незаборавна партија на 18 годишниот Азар

За тие што не паметат, Еден Азар пред да пристигне на Стемфорд Бриџ за 32 милиони фунти, играше за Лил (2007-2012). Една вечер им доаѓа на гости Лион владетел во тоа време во Франција со 7 титули по ред. Малиот Азар одигра перфектен натпревар за паметење со гол и две асистенции, а тоа значи 3:2 за Лил.

Уметноста во вртењето на Азар

Има 173 см, само три сантиметри повеќе од Меси со кого освен висината, личат еден на друг и по други карактеристики. Еден Азар е дефинитивно еден од најтешките играчи за чување, не само затоа што е многу брз, туку и затоа што лесно “ги јаде“ противниците со трк од освртување. Ќе ја прими и го нема, на иста финта.

Азар два пати го доведе Хендерсон до лудило

Белгиецот на можеби најтешкото гостување во Англија покажа зошто е меѓу најдобрите фудбалери во Европа. Даде фантастичен гол за пресврт на „Енфилд“ (1:2) и неколку пати душа му извади на капитенот на Ливерпул кој од фрустрации му урлаше.

Вечер на страшни голови

Синоќа ширум Европа се играа толку натпревари што човек не знаеше што попрво да гледа. Каде и да свртиш со далечинското паѓа убав гол. Ние ги одбравме најдобрите неколку:

Азар и не знае да даде обичен гол

Иако први имаа водство фудбалерите на Ливерпул се елиминирани во Лига Купот откако Челси за 7 минути успеа да им направи пресврт. Човек на одлука беше Еден Азар откако во 86-та минута измеша двајца во одбраната и ја заби душмански во гол.

Топовски удар на Азар

Паралелно со натпреварите од Лига на нации, деновиве се игра и по некоја пријателска. Белгија ја декласираше Шкотска на гости 0:4, а Еден Азар одигра нешто многу јако во стилот на Кристијано Роналдо. Пуштете им забавена снимка на Шкотланѓаниве. Не ја видоа топката.

Кога Азар со браќата навивал за Франција

Една фотографија од еден летен одмор во детството на најдобриот фудбалер на Белгија, го покажува него и неговите браќа кои станаа исто фудбалери, со дресови од следниот противник на Светското првенство.

Еден Азар на бербер одговори што мисли за трансфер во Јунајтед

Големите ѕвезди обично се вклучуваат во живо на Инстаграм или Фејсбук во слободно време кога се на фризер, во маркет или на некое друго место. Така и Еден Азар од Челси.